ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025 11:44
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 1 октомври Украина го одбележува Денот на бранителите и бранителките – национален празник посветен на чествувањето на храброста и саможртвата на сите што ја бранат Украинската држава од надворешна агресија. Овој празник, воведен недолго по почетокот на руската војна против Украина во 2014 година, не е само чин на почит кон воините, туку и моќен обележувач на националниот идентитет.

Денот на бранителите и бранителките во себе обединува длабока историска традиција на заштита на Украина и духовна врска со минатото, кога храбри војници ја одбраниле слободата на украинските земји. Во X–XI век кнезовите на Киевска Рус — Владимир Велики, Јарослав Мудри и други — формирале борбени редовни дружини што ги штителе границите на државата од номадските племиња. Во XVI–XVIII век на историската сцена излегло Запорижкото козаштво, кое станало симбол на слободата и слободарскиот дух на украинскиот народ. Токму козаците ја востановиле традицијата Покров на Пресвета Богородица да се смета за нивни главен празник и заштитничка на војската. Во XX век украинската борба за независност добила нова димензија. За време на Првата светска војна се појавиле Сичовите стрелци, кои го формирале првиот украински национален борбен одред во војската на Австро-Унгарија. Во 1917–1921 години дејствувала Армијата на Украинската Народна Република, која водела тешки борби против болшевичка Русија, бранејќи ја независноста на Украинската Народна Република. А во 1942 година, токму на празникот Покров, била создадена Украинската востаничка армија (УПА), која во услови на Втората светска војна се борела истовремено против нацистичкиот и советскиот тоталитарен режим. По прогласувањето на независноста во 1991 година, Украина чекор по чекор ги градела своите вооружени сили, но токму 2014 година и руската агресија претставувале пресвртница што ја натера земјата радикално да ја зајакне својата одбранбена способност.

Со почетокот на севкупната воена агресија на Русија против Украина, Денот на бранителите и бранителките доби особено значење. Тој стана не само оддавање почит на минатите поколенија, туку и ден на длабока благодарност кон современите воини — мажи и жени — кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за слободата и независноста на Украина. Овој ден е и ден на освестување дека борбата за слобода трае веќе повеќе од илјада години, а украинската нација е наследничка на генерации славни борци.

Денес, кога руската војна против Украина претставува најголем безбедносен предизвик за Европа, Денот на бранителите и бранителките добива важност не само за Украинците, туку и за целиот демократски свет. Зашто украинската борба не е само за обновување на територијалниот интегритет на Украина, туку и за одбрана на демократските вредности, правото на народите на слобода и самоопределување. Историјата на украинската армија — од кнежевските дружини и козацките полкови до современите вооружени сили — докажува: Украинците отсекогаш биле штитот на Европа што ги запирал агресорите од Исток.

Денот на бранителите и бранителките на Украина е повеќе од државен празник. Тој е симбол на историската меморија и, истовремено, надеж за иднината. Тој потсетува дека независноста никогаш не била подарок — таа е изборена со крвта и храброста на генерации.

Преземено: Цивил Медиа


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Фото извор: Амб. на Украина
Tags: Ден на бранителите и бранителкитеУкраина
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Синер победник во финалето во Пекинг

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk