Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“
Маестрален настап на младата струмичанка Тина Русева ја воодушеви публиката и жирито во популарното музичко шоу „The Voice of Germany“.
Русева, која заедно со своето семејство живее во Леверкузен, Германија, настапи за првпат на големата сцена и со својот моќен глас ја изведе “Do It Like A Dude” од Jessie J. Нејзиниот дебитантски настап во ова престижно натпреварување ѝ отвори пат кон понатамошни предизвици и настапи во шоуто.
Настапот на Русева предизвика бројни позитивни реакции, особено кај публиката во Македонија, која со гордост ги следи нејзините први успеси на големата германска музичка сцена.
Редакција Фронтлајн