Пред 15 месеци наследивме држава пред банкрот, речиси распадната после се она што го правиме и се она што ќе го направиме Македонија со овој народ ќе успее рече на вечерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски.
Повикувајќи ги граѓаните, тој ги повика да направат вистински избор за иднината, да ја поддржат советничката листа предводена на ВМРО ДПМНЕ и актуелниот и иден градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ рече дека го разбира народот, оптоварен со секојдневни грижи, посочувајќи дека „битката“ заеднички се води, вети работа и силна волја, не чуда.
На митингот во Куманово, тој се обрати и до чесните членови на СДСМ, за кои кажа дека искрено ги почитува и ги повика да се приклучат кон промените, укажувајќи дека знаат дека „раководството е затворен круг, кој наместо да гради иднина, штити бизнис интереси на неколкумина“.
Мицкоски рече дека опозицијата со месеци води кампања дека не растеле платите, а сега самите излегле со математика дека за година дена, платите пораснале за 10, 6 проценти.
-Според нив и неговиот гуру подобро било да имаме 20 отсто инфлација, како што беше во време на Владата на СДСМ и ДУИ, отколку сега кога е под четири проценти, кога е најниска во регионот и една од најниските во Европа. Според него, растот на пензиите од седум илјади денари линеарно за година и половина не било ништо-тоа било залажување за него повеќе биле оние 130, 150, максимум 700 денари кога се покачуваше пензијата во владата на СДСМ и ДУИ, кажа Мицкоски.
Тој кажа дека тоа се извртените вредности на СДСМ, „да се убедуваат дека криминалот е вредност, распродажбата на националните интереси е патриотски чин, осиромашувањето на народот е успех“.
Тој го критикуваше Филипче дека нема „морално и политичко право да зборува за правда“ и дека после овие избори ќе има одговорност.
-И обвинителството и судството ќе мора да поднесат сметка зошто и покрај десетиците, повеќе од стотици случаи, покриени со докази денеска се наоѓаат и фаќаат прашина во фиоките на неколкумина нивни лакеи и измеќари во обвинителството и судството, рече Мицкоски
Тој кажа после овие локални извори следи смена на тие нивни слуги во обвинителството искуството правдата мора да ја водат вистински обвинители судии.
-Убеден сум дека ќе имаме историски најголем резултата во Куманово, рече Мицкоски и побара поддршка од кумановци за листата на советници, за носителот адвокатот Владимир Михајловски и за коалицскиот партнер, кандидатот за градоначалник, Максим Димириевски.
Тој ги повика кумановци да направат вистински избор за Куманово.