ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бела куќа: Федералните работници кои се на принуден одмор немаат право на заостанатите плати

October 8, 2025 09:51
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Федералните работници кои се на принудно отсуство  во текот на прекинот на работата на американската Влада можеби нема автоматски да добијат надомест, се наведува во нацрт-меморандумот на Белата куќа, во кој увид имаше Аксиос.

Според документот, Белата куќа верува дека законот познат како Закон за фер третман на државните службеници (GEFTA) од 2019 година не гарантира автоматска исплата на заостанатите плати на вработените кои се на отпуст, освен ако Конгресот конкретно не одобри средства откако ќе заврши прекинот на работата.

Овој став би можел дополнително да го зголеми притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп врз демократите во Сенатот да поддржат таканаречена „чиста“ резолуција за финансирање на владата, без услови поврзани со субвенциите за здравствена заштита.

Законот GEFTA, кој Трамп го потпиша за време на рекордниот прекин на работата во 2019 година, првично беше толкуван така што на работниците на принудено отсуство им гарантираше надомест по завршувањето на идните прекини на работата.

Меѓутоа, во новиот меморандум од Канцеларијата за управување и буџет (OMB) се наведува дека законот бил погрешно протолкуван, бидејќи неговата верзија била изменета девет дена подоцна за да се додаде формулација дека работниците ќе бидат платени „под услов да се донесе закон за апропријации со кој ќе се стави крај на застојот“.

Според Белата куќа, ова значи дека Конгресот мора конкретно да одобри средства за исплата на заостанатите плати.

Оваа анализа на OMB е во спротивност со ставовите на Советот на економски советници и Канцеларијата за управување со персонал, кои претходно изјавија дека работниците на отпуст треба автоматски да добиваат надомест.

Tags: Бела Куќафедералните работници
Next Post

МВР: Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk