ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски од Прилеп: Време е на работа, чест и на резултати, им ја враќаме надежта на граѓаните

October 12, 2025 10:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред нас доаѓа време на пресврт, време кога зборовите ќе донесат резултати и кога ветувањата ќе се мерат со дела, а политиката со подвизи. Ние не дојдовме во Владата за да бараме изговори и да уживаме во неа. Дојдовме да ја исправиме неправдата, да ја исчистиме корупцијата и да ја вратиме државата во рацете на народот, порача од Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборниотмитинг во центарот на градот.

Според Мицкоски, по седум години разурнувања, лаги, поделби и злоупотреби, вратена е надежта кај граѓаните по години апатија.

– Државата ја наследивме како запуштена куќа, без покрив, со празни сметки и изгаснати надежи. Потсетувам за да се запомни и да не се повтори. Потсетувам зашто гледам дека со истите трикови сакаат да се вратат назад, без да ја научат лекцијата истите луѓе. Денес, по само една година и три месеци, повторно гори надеж. Има оправдани очекувања од нас кои не смееме да ги изневериме. Има огромна одговорност која ја чувствуваме. Потребна е работа и посветеност од сите. Тоа го барам од моите соработници, од сите кои имаат чест да работат за вас. Не смееме да ги разочараме луѓето, зашто предолго имаше апатија. На апатијата да се спротивставиме со дела, а очекувањата да ги оправдаме со работа и резултати. Поставивме темел и лошата наследена ситуација нема да биде ничиј изговор,туку само поттик да се успее. Ја поставивме основата, а сега следи време на изградба, на резултати. Прилеп знае што значи борба, рече Мицкоски нагласувајќи дека Прилеп ќе има силна поддршка од Владата, ќе има проекти и дела на терен кои веќе се случуваат.

Осврнувајќи се на досегашниот тек на кампањата, Мицкоски рече дека  СДСМ не се оградува од наводни „распарчувања и тело во куфер“ што го порачуваат некои нивни луѓе. Тој се осврна на тезите на Филипче што константно ги повторува на митинзите на СДСМ дека не се плашеле и праша од чие име Филипче зборува кога вели не ви се плашиме.

-Во однос на тезите кои ги повторува претседателот на СДСМ, дека не ни се плашеле. Прво да кажам дека тој пристап на прекумерно силење, па како јас сум имал треперлив глас, и така натаму е детски и типичен за луѓе кои се плашат. Иако нема потреба да се плашат ако се чесни како што викаат. Но сакав, да прашам од чие име зборува? Кои е тоа тие кои не се плашат? Јас повикувам на борба против корупција на криминалци, а тој вика не ти се плашиме, со што потсвесно човекот се идентификува со криминалците на кои јас во моите говори се обраќам. И ако не се плаши нека не се плаши но зошто има потреба да раскажува дека не се плаши, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека секој што се огрешил од законот ќе одговара.

Во  однос на националните теми, Мицкоски објасни зошто не бил попустлив спрема источниот сосед.

-Во однос на  Францускиот таканаречен предлог и договорот со Бугарија сакам да кажам дека има разлика помеѓу капитулација и борба. Капитулацијата е лесна и само човек без морал може да ја гледа како визија и одлучност. А не треба одлучност и визија за да ги продадеш националните интереси. За тоа ти треба едноставно да немаш морални граници и елементарно чувство за тоа што е национален интерес. Затоа ви е чудно што не попуштам со нашиот источен сосед и кога се борам заедно со луѓето од Владата. Најлесно е да капитулираш, а најтешко е да се бориш. Во борбата ќе имаш и неуспеси, и сопки од домашни предавници, кои ќе ти работат зад грб, но секогаш ќе знаеш дека победата е одговорност а целта е највисока, одбрана на националните интереси. Во борбата секогаш ќе знаеш дека народот е на твоја страна се додека гледаат во тебе искреност и чесност во намерата. Одговорно тврдам дека политиката на СДСМ во однос на прашањата со соседите беше чиста капитулација и тоа во некои случаи директно поврзана со корупција на високи функционери, но ќе дојде време и за тоа ќе зборуваме повеќе.  Консензус со СДСМ за прашањето за Бугарија е исто како да имаш консензус со крадец на банки да отвориш банка. Додека нема јасен план со јасни и гаранции со кои ќе се врзат рацете на секој што сака да направи предавство и сега и во иднина нема шанси за разговор на оваа тема, рече Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври, испраќајќи и порака.

-Ние ветуваме чесна борба, посветеност и резултати. Ветуваме држава што ќе функционира. Институции што ќе работат за народот, иднина во која нема да владеат привилегираните,  туку праведните. Зборуваме за избор помеѓу минатото и иднината, меѓу апатија и надеж, меѓу зборови и дела. Ни ги избираме човекот што работи, патот на честа и на иднината. Ова е мометот кога Македонија мора да продолжи напред. Петнаесет месеци веќе се случуваат промени. Ова е време на луѓе што не се плашат да засукаат ракави и да работат и да создадат. Денес од Прилеп, од градот на достоинството испраќаме заедничка порака дека доаѓа време на работа, на чест и на резултати, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Прилеп на кој беа претставени кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски и кандидатите на советничката листа со носителот Билјана Кржеска.

Tags: МицкоскиПрилеп
Next Post

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Срамна партизација, хаос и културна деградација во режија на ВМРО-ДПМНЕ

February 2, 2026

Филмот „Срам и пари“ ја освои главната награда на Санденс!

February 2, 2026

(ВИДЕО) Прв поглед на трејлерот за култниот моден хит „Ѓаволот носи Прада 2“

February 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Томашевиќ: Нема да има дочек на хрватските ракометари во Загреб поради несогласувања околу настапот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 2 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави тужба за водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ќе испратат чекови за неколку минути“: Трамп тврди дека може да ја спаси ОН од банкрот со еден повик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски: Зголемен прагот на толеранција за брзината за системот Безбеден град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk