ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива

October 14, 2025 11:06
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вечерашниот собир во Богданци, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, побара поддршка за кандидатот за градоначалник Блаже Шапов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, потенцирајќи дека „на овие чесни луѓе мора да им се даде шанса да продолжат да ја водат Општина Богданци во вистинската насока“.

„Во последните осум години Богданци е пример за успешно и одговорно управување. Под раководство на Блаже Шапов, реконструирани се улици во Богданци и Стојаково, саниран е полскиот пат во Бозелот, реконструиран мостот на Луда Мара, како и Домовите на културата. Извршена е реконструкција на водоводната мрежа, изработена е техничка документација за фекална и атмосферска канализација, а воведени се и нови современи услуги – бесплатен Wi-Fi, лична асистенција и помош во домот, документација за е-полначи и стратегија за туризам,“ нагласи Костова.

Таа посочи дека Богданци е мала, но напредна општина, токму благодарение на визијата и трудот на Шапов и тимот на СДСМ:

„Овде има ред, функционалност и транспарентност. Богданци е општина која работи за граѓаните. За разлика од тоа, општините под контрола на ДПМНЕ се заробени од партиски интереси и лични профити.“

Костова предупреди дека не смее да се дозволи општината да падне во рацете на „дпмневските злонамерници“ кои не мислат на народот:

„Ова не е време за апатија, ниту за молк. Ова е време за одлука – дали ќе го браниме домот што го градиме со децении, или ќе гледаме како се руши цигла по цигла. Апстиненцијата не е казна за СДСМ, туку награда за ДПМНЕ. Ако не гласаме, им ја препуштаме државата на тие што мислат само на себе.“

Во обраќањето, таа повика на мобилизација и заедништво пред и на 19 октомври:

„Се бориме за нашиот дом! За Богданци, за Македонија, за секоја куќа, за секоја улица и за секој човек што верува дека оваа земја може подобро. Оваа есен мораме да ја продолжиме борбата против злонамерниците, против олигархијата, против угнетувачите и институционалните паразити. Победата во Богданци ќе биде почеток на нови победи низ целата држава. Оваа есен се бориме за надеж. За нашата иднина, за нашиот дом. Богданци победува со СДСМ!“

 

Next Post

Уништени шуми со големина од половина Англија за една годинам, глобалното уништување на шумите се зголемува

Најново

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk