ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Го остваривме ветувањето кон жителите на Батинци, започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“

October 15, 2025 14:05
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинци за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити, во придружба на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави пред медиумите дека уште од првиот ден од преземањето на функцијата министер за животна средина се соочил со еден од најголемите предизвици на главниот град – лошото и неорганизирано управување со депонијата „Дрисла“. Тој при тоа нагласи дека со овој проект започнува нова фаза на нејзино уредување и контрола.

-Оваа депонија со години претставува извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните и била предмет на бројни реакции од жителите на околните населби, особено од Батинци. По неколкуте средби што ги имав со нив, ветив дека ќе преземеме конкретни мерки, и денес работите веќе започнаа, рече Меџити.

Министерот потенцираше дека со овој проект се зајакнува физичката заштита на просторот и се преземаат одржливи мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.

Со средства обезбедени од Министерството за животна средина, во вредност од 9 милиони денари, ќе се изгради ограда долга 4.800 метри и висока 1,5 метри, поставена на 1.500 метални столбови, со двојна бодликава жица и бетонски темели, со што ќе се оневозможи неовластен влез и ќе се намали загадувањето.

-Депонијата ‘Дрисла’ има стратешко значење за целиот регион на Скопје. Во соработка со Град Скопје и надлежните институции, ќе продолжиме да инвестираме во нејзина модернизација и трансформација во современ центар за рециклирање на отпадот, изјави Меџити, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Меџити
Next Post

Мисајловски на состанок на НАТО, поддршка за зајакнување на Алијансата и стабилност на Западен Балкан

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk