Порталот 24. Инфо, објави дека „Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) на својата советничка листа за Град Скопје кандидирало лице кое е починато уште во јануари 2024 година“.
Според информациите што ги пренесува 24. Инфо, станува збор за кандидат на реден број 15, со иницијали Б.Љ., родена во 1940 година, која, и покрај тоа што починала пред повеќе од една година и девет месеци, се уште фигурира како активен кандидат.
„Овој случај отвора сериозни сомнежи за манипулација и злоупотреба на изборниот процес, бидејќи починатото лице се наоѓа и на избирачкиот список. Тоа го доведува во прашање интегритетот на изборите и отвора дилема колку уште вакви случаи има на листите на други партии и во избирачките списоци низ државата“, се наведува во објавата од 24 Инфо.