Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Како што појаснуваат оотаму, двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитувала прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во Вестите во 10 часот емитувала изјава од истиот министер.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ 24 Вести е достапен на линкот.