ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МВР разби криминална група: Уапсени 11 лица за лихварство и перење пари, трага по еден

October 23, 2025 12:30
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага.

-МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека М.К.(73), П.К.(41) и Г.С.(46) се осомничени за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”, се наведува во соопштението.

Како што информираат од МВР, деветмина од осомничените од почетокот на 2022 година до денеска се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот.

-Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5% или 15% месечно зголемување за секое задоцнување. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата, а кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица, се наведува во сопштението.

Од МВР појаснуваат дека паричните средства кои во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што несразмераната имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови, односно постои основано сомневање дека во истиот период дванаестмината осомничени и едно осомничено правно лице како организирана криминална група за перење на пари се стекнале со противправна имотна корист изразена во парични средства од 125.033.527 денари прибавена со  кривичното дело “Лихварство”.

-Така, дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица, дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина, стои во соопштението.

Tags: криминална групалихвартствоперење пари
Next Post
Фото: МИА

Задржување на „Табановце“ до 40 минути, на „Блаце“ до 30 минути

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk