ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025 16:05
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Откако Трамп изгледа конечно сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компаниим Роснефт и Лукоил во обид да извршат притисок врз Москва да преговара за мировен договор во Украина.

Роснефт и Лукоил се столбови на руската економија. Заедно, тие сочинуваат речиси половина од извозот на сурова нафта во земјата, околу 3,1 милиони барели дневно, според руските проценки.

„Американците воведоа санкции не само врз „Роснефт“ и „Лукоил“, туку и врз сите нивни подружници каде што овие компании имаат повеќе од 50% удел“, рече економистот Олех Пендзин, раководител на Украинскиот клуб за економска дискусија.

„Ова директно влијае на европските подружници и оние во трети земји. Нивната способност да работат на овие пазари сега е строго ограничена,“ вели експертот.

Она што најмногу ги засега граѓаните на Северна Македонија, а за кое ЦИВИЛ Медиа веќе пишуваше, е како ќе влијаат санкциите на САД за „Лукоил“ на неговото рабирење во земјава и импликациите врз финансискиот и енергетскиот сектор, иако на списокот на американското Министерството за финансии на подружниците што потпаѓаат под санкции не се наоѓа компанијата „Лукоил Македонија“

Санкциите објавени од САД всушност не се прва закана за руските нафени гиганти и нивното опстојување на овие простори, каде Лукоил е сопственик на бугарската рафинерија Лукоил-Нефтехим, додека Лукоил Македонија ДОО, кој располага со ланец бензински пумпи во Северна Македонија е во сопственост на Литаско.

Како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа, во септември Германија и Франција поведоа иницијатива за вклучување на рускиот нафтен гигант Лукоил под нова рунда европски санкции поради војната на Кремљ во Украина, како дел од политиката на зголемување на притисокот врз Москва откако Русија ги блокираше мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп.

Берлин и Париз предлагаат да ја стават на црната листа приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, објавија дипломати кои побараа анонимност.

Двете страни, исто така, се залагаат за санкции врз рафинериите од трети земји вклучени во извозот на руска нафта во ЕУ и врз трговските фирми кои се занимаваат со руска нафта, изјавија дипломати.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, уште во септември, по објавување на текстот, сметајќи дека ова прашање е од голема важност за социјално-економските движења во земјата, во неколку наврати преку електронска пошта се обрати до Лукоил Македонија и до  Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) на Северна Македонија да одговорат на прашањето за иницијативата на Германија и Франција за ставање на црната листа на приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско и за последиците кои би произлегле од прифаќањето на иницијативата врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз економијата на Северна Македонија?

Без малку 2 месеца подоцна, на поставеното прашање, сега дополнително обременето со нови санкции од САД за руските нафтени гиганти со подружници во Северна Македонија, до редакцијата сé уште нема пристигнато одговори на поставеното прашање од ниту еден од субјектите до кои се обративме.

За разлика од кај нас, во соседна Бугарија, премиерот на земјата Росен Железков пред самитот на лидерите на Европската унија во Брисел изјави дека тамошната влада има рок до 21 ноември да одлучи за иднината на рафинеријата Лукоил Нефтехим во Бургас.

За новонастанатата ситуација со санкциите, реагираше и Бугарската национална банка (BNB) која соопшти дека ги проценува можните ефекти од американските санкции врз домашниот финансиски систем. Засега, според неа, не се идентификувани кредитни ризици што би ја загрозиле финансиската стабилност.

ЦИВИЛ Медиа уште еднаш ги повикува Лукоил Македонија и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) на Северна Македонија да одговорат на поставеното прашање во интерес на навремено информирање на граѓаните:

Дали се запознаени со иницијативата на Германија и Франција  за ставање на црната листа на приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, како дел од идниот 19-ти пакет санкции кон Москва, и какви последици би имало евентуалното прифаќање на иницијативата врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз економијата на Северна Македонија, сега и во ново светло со објавувањето на санкциите на САД за руските нафтени компании Роснефт и Лукоил?

Дополнително, редакцијата го прошири списокот на институции до кои упати прашање за можните импликации на воведувањето санкции врз рускитете нафтени гиганти врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз финансиското работење, енергетикскиот сектор и економијата на Северна Македонија, со испраќање на прашање по електроска пошта до Народна банка, Влада на РСМ и Минитерството за енергетика.

До редакцијата сé уште нема пристигнато одговор на поставените прашања од ниту еден од субјектите до кои се обративме. Истите ќе бидат објавени доколку пристигнат.


Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

Преземено: Цивил Медиа

Tags: ЛукоилТрамп
Next Post

Прекршен Законот за дигитални услуги: ЕК ја товари Мета за „мрачни шеми“ при пријавување илегална содржина

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk