ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 е признание за економската неспособност на Владата

October 30, 2025 13:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Предлог-буџетот за 2026 година, СДСМ реагира со остра критика, обвинувајќи ја Владата за, како што велат, „фискална неодговорност и економска неспособност“.

„Наместо ветената строга фискална дисциплина, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува лимит од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку за отстапување од законската рамка што ќе ја платат граѓаните и економијата,“ стои во соопштението.

Од партијата оценуваат дека буџетската рамка од 374,7 милијарди денари приходи и 413,9 милијарди денари расходи е погрешно наречена „развојна“, бидејќи истовремено се кратат капиталните инвестиции.

„Со предлог-буџетот за 2026 година тие се планираат на 40,5 милијарди денари – речиси 7 милијарди помалку од 47,3 милијарди денари утврдени со ребалансот за 2025 година,“ наведуваат од СДСМ.

Според нив, ниската реализација на капиталните расходи уште еднаш го потврдува неспроведувањето на ветените проекти:
„На денот на усвојување на предлог-буџетот, реализацијата на капиталните расходи изнесува само 44,94%. Со екстремно слаба реализација, тврдењето дека капиталните проекти ќе бидат главен двигател на растот во 2026 година е контрадикторно и признание за неспособност.“

СДСМ ја критикува и проекцијата за раст на БДП од 3,8%, оценувајќи дека се темели на потрошувачка, а не на инвестиции:
„Кога растот е базиран на зголемување на плати и пензии во услови на намалени капитални расходи и отсуство на структурни реформи, тогаш оправдано се поставува прашањето: дали се најавува уште една година во која економските промашувања се маскираат со краткорочни, популистички потези?“

Од опозициската партија предупредуваат дека ваквата буџетска стратегија ќе предизвика „повисоки трошоци за камати, ново задолжување, притисок врз даноците и истиснување на продуктивните инвестиции“.

„Загрозената продуктивност на стопанството ќе донесе само повисоки цени на услуги и производи, односно намалена можност за реално зголемување на животниот стандард на граѓаните. Зголемените плати и пензии ќе потонат во растечката месечна потрошувачка за основните животни потреби,“ порачуваат од СДСМ.

Заклучокот на партијата е дека предложениот буџет не нуди економски развој:
„Со Предлог-буџетот за 2026 година Владата не нуди развој, туку маска за економски промашувања,“ завршува соопштението на СДСМ.

Tags: предлог буџетСДСМ
Next Post

Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk