ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 9, 2025 11:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис во разговор со дописничката на МИА од Атина открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани.

Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската филхармонија, а хорот на Музичкото училиште во Солун ќе настапи со разновидна програма што ќе вклучува широк спектар на песни, од традиционална до модерна музика.

Солунскиот хор, диригиран од Ангелики Крисила го сочинуваат 39 девојчиња од средни училишта, а Константинидис, кој е надлежен за проектот, открива дека концертот во Скопје ќе има и уште една симболична и емотивна димензија.

– Поканети ќе бидат и десет деца од Кочани кои ќе се запознаат со децата од хорот, тие ќе бидат наши гости и им подготвуваме и мало изненадување. Ќе го следат концертот, планирано е дружење и заеднички ручек. Ова ќе биде во чест и спомена на сите што ги загубија животите дали во Кочани или на кое било друго место каде што се случила таква трагедија, вели Константинидис за МИА.

Хорот на Солунското музичко училиште е еден од најдобрите, со низа успеси, но и планирани концерти, настапи во иднина.

– Хорот има долгогодишна традиција и е признаен за успесите. Во минатото има одржано голем број концерти во големи концертни сали. На овој начин се обидуваме да изградиме мост на соработка со соседната земја врз основа на културата и хуманизмот, вели Константинидис за МИА.

Концертот во Скопје е на покана на Грчката амбасада и во соработка со Солунскиот државен симфониски оркестар во рамките на програмата балканска соработка и општата екстровертност на оркестарот.

Влезот за концертот е слободен, но потребна е претходна регистрација на линкот: https://forms.gle/eJmVgVnydVcmxdxk8.

Tags: ГрцијаКочанимладински хорСолунФилхармонија
Next Post

Се празнат контејнерите од ѓубре, се чисти центарот на Скопје: Ѓорѓиевски - Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk