Ким Кардашијан откри дека користела ChatGPT за подготовка на правните испити – и тоа не ѝ се исплатело. Во гостување со Тејана Тејлор за серијалот „Lie Detector Test“ на Vanity Fair (3 ноември), таа призна дека често се потпирала на вештачката интелигенција за совети во учењето.
„Го користам за правни совети,“ рече Кардашијан, која дипломираше право во мај. „Кога имам прашање, сликам нешто и му го праќам.“
Но кога Тејлор ја праша дали тоа го смета за „мамeње“, Ким веднаш возвратила:
„Секогаш греши! Поради тоа ми паднаа неколку тестови. Се лутам и му викам: ‘Ти ме падна! Зошто ми го направи тоа?’ – а потоа ChatGPT ми враќа.“
Таа раскажала дека по тие неуспеси дури водела „разговори“ со ботот:
„Му велам: ‘Ќе ме натераш да паднам. Како се чувствуваш за тоа?’ А тој ми одговара: ‘Ова е лекција за да им веруваш на сопствените инстинкти. Ти ги знаеше одговорите и сама.’“
И покрај тоа што технологијата не ѝ помогнала во студиите, Ким е решена да ја доврши својата правна кариера. Во интервјуто за „The Graham Norton Show“ на 24 октомври, изјави дека ќе биде квалификувана за адвокат „за две недели“ и дека е подготвена да ја замени славата со судница:
„Можеби за десет години ќе се откажам од тоа да бидам ‘Ким К’ и ќе станам адвокат во судница. Тоа навистина го сакам.“
До тогаш, Кардашијан е ангажирана на неколку нови проекти, меѓу кои и актерската улога во новата серија на Рајан Марфи „All’s Fair“, каде ќе игра заедно со Сара Полсон, Глен Клоуз, Наоми Вотс и Ниси Наш.
„Секогаш сакам да растам, да бидам љубопитна и да се развивам,“ рече таа. „Ќе видам каде ќе ме однесе тоа.“





