Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на нејзина објава на Фејсбук.
-Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Видовме дека, се додава во соопштението, подобро и поинакво Скопје може да функционира.
– Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска во статус на Фејсбук го повика новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски на телевизиска дебата во врска со наодите што тој ги изнесува за криминал и неправилности во јавните претпријатија со кои раководеа кадри што го поставуваше Арсовска.
Поврзано:
Арсовска до Ѓорѓиевски: Ајде на дебата како маж – нека се види кој лаже












































































































