ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Арсовска до Ѓорѓиевски: Ајде на дебата како маж – нека се види кој лаже

November 11, 2025 11:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени.

„Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот“, напиша Арсовска во својата објава, додавајќи дека градоначалникот треба јавно да ги објави сите фирми со долг, заедно со фактурите и датумите, „за да знае народ дека лажеш“.

Арсовска побара и објава со имиња и презимиња на сите 500 вработени, со податок кој од кога не доаѓал на работа, за – како што тврди – „да се види дека лажеш“.

„Три години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка, за да направиш место за своите партиски војници“, напиша таа.

Во продолжение, Арсовска му порача на Ѓорѓиевски да не се крие зад партиски соопштенија и „ботови“:

„Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш.“

На крајот, поранешната градоначалничка го повика Ѓорѓиевски на јавна телевизиска дебата:

„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.“

Објавата предизвика големо внимание и реакции на социјалните мрежи, особено поради нејзиниот директен тон и повик за јавно соочување.

Синоќа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека „над 300 милиони евра е вкупниот долг на ЈП во Скпје и до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа“.

„Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави Ѓорѓиевски.

Во интервју за ТВ Сител тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе  биде пеколно тешко, но имам одличен тим и очекувам силна поддршка од Владата и со добра организација и домаќински ќе ја надминеме состојбата“.

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на нејзина објава.

-Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓ.

Tags: АрсовскаЃорѓиевскиСкопје
Next Post
Скриншот

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk