ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025 10:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во небодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе катови и покривната конструкција, поради што во гаснењето е вклучен голем број пожарникари и механизација.

Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми.

Пожарот почна од покривот и брзо се прошири на средниот дел на зградата и долните катови. Новинарот Крешо Воларевиќ од ХРТ јави дека огнот се однесува невообичаено. – На моменти изгледа дека сè е изгаснато, а потоа нагло избувнува, делови од фасадата паѓаат, јави ХРТ.

На терен се стотина пожарникари со 30 возила.

Командантот на Јавната противпожарна единица на Град Загреб, Синиша Јембрих, за Хрватското радио ја објасни сложеноста на ситуацијата. По дојавата, пожарникарите се искачиле на врвот, почнале да гаснат, но набрзо забележале дека гори и под нив, што е исклучително опасно.

– Тоа може да покаже дека дошло до некоја катастрофална грешка, односно нешто во инсталациите, така што тие инсталации всушност го предизвикале пожарот по целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно, појасни Јембрих.

Тој додаде дека поради опасноста, пожарникарите морале да се повлечат и да го гаснат огнот однадвор, што е помалку ефикасно, но неопходно. Во моментов, гасењето се одвива само од надворешни позиции поради паѓањето на делови од фасадата и стакло.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој утрово пристигна пред небодерот, потврди дека штетата е „тотална“.

– Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси однатре и однадвор. Не се знае која е причината, постојат некои сомнежи, но увидот ќе го утврди тоа. Најбитно е дека нема човечки жртви и опасност за граѓаните, рече Томашевиќ.

Тој додаде дека мнозински сопственик на зградата е државата, а статичарите ќе треба да проценат дали конструкцијата е за рушење или ќе се оди на обнова.

Синиша Јембрих потврди дека нема опасност од уривање на објектот, иако станува збор за еден од симболите на градот Загреб.

Управата за цивилна заштита информираше дека пожариштето се прегледува со термокамера, а на местото на настанот е повикан статичар кој ќе ја процени состојбата на конструкцијата.

Tags: ВјесникЗагребпожар
Next Post

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така - Брисел упорно го демантира

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Влезниците за СП 2026 година нема да гарантираат визи за влез во САД

November 18, 2025

Мециновиќ бара јавна расправа за изборниот законик и најавува иницијатива во Собранието

November 18, 2025

Изгоре Вјесник!

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk