ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Де-албанизација” на Албанците во Северна Македонија

November 19, 2025 18:08
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКИЦА КОРУБИН

Напливот на релативизации и декларативни егзибиции, на политичката синтагма “српски свет” – дефиниран како “проект за воспоставување на сфера на влијание за поткопување на сувереноста на некои држави и стабилноста во регионот”, содржана во извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија за 2023-2024 година, усвоен оваа пролет – со цел да ја оптимизира и нормализира; оди паралелно со симболичната “де-албанизација” на Албанците во системот на државата како врвна политичка парадигма.

Парадигма за “албанска политичка потчинетост” како обид за фактичка општествена доминација врз граѓаните Албанци. Што е логичен потег за партократија (примарно македонска, но не и ексклузивно) која е научена да “владее со” граѓаните, наместо “да владее во нивно име”, па калкулира дека контролата врз албанските политички партии по автоматизам означува контрола и врз граѓаните.

Со тоа што, ако имаментно туѓата желба за доминација на македонскиот политички естаблишмент усвоена (и увезена) како своја, врз Албанците и албанските политички партии ја има “логиката на господарот” енигма е доброволното нејзино ефектуирање преку “преку логиката на слуга” од страна на одредени (речиси сите) албански политички партии. Со допадливоста и подобноста, која ја демонстрираат како услов за прифатливост, всушност целосно го минираат правното и политичко влијание, гарантирано со уставот, кое се манифестира како систематско ослабување на целото општество.

А, всушност, во однос на македонската релативизација на проектот од извештајот на Европскиот парламент за “српскиот свет”, со која само се потврдува констатацијата, наместо ултимативно и унисоно да се негира со што се превенира и штити и државата и општеството; симболичката де-албанизација фактички оддава “признание” за клучната улога на Албанците како исклучително влијателен дел од цел општествен контекст во Македонија и ефективна “брана” во порозниот “србизиран македонски естаблишмент” во неговата изложеност, а со тоа и на целата држава кон проектот на “српскиот свет”.

Тој да го наречеме “потпроект” за де-албанизација, интензивиран изминативе неколку години има(ше) разни наративи кои, не секогаш нужно се “националистички” или во случајов “де-националистички” – затоа што само албанскиот национализам се претставува во таа “претстава” како проблем.

Тие наративи може да се медиумски антагонизирачми (Албанците седат дома и земаат плата, Албанците не плаќаат сметки, Албанците не зборуваат македонски), може да се партиски инструирани, при што се експлоатира и таргетира најсилниот политички субјект “ДУИ да се реформира во опозиција”; а може и да се култоролошки отуѓувачки (културно наследство, (де)исламизација, “играње” со употребата на албанскиот јазик).

Но, сите без исклучок, ефективно се анти-македонски со константно произведување на конфликтна атмосфера на не-почитување на сопствениот устав и правата на граѓаните, кои поединечно етнички се заштитени само ако се сите еднакво заштитени.

И дали оваа “де-албанизација” на дело, со ре-македонизирање на “изгубеното влијание” кое се демонстрира и локално и национално; каде “Македонците” ја воспоставуваат доминантно контролата, скриени лицемерно позади параванот на “мерит системот” – односно “по заслуга”, а не по “етничка припадност” – треба да ја узурпира и/или стопира европската интеграција?

И дали на тој начин “најмакедонската” Северна Македонија, всушност станува “најмалку македонска”? Се’ е македонско, ама каде и како? За “внатрешна употреба” по примерот на “СР Македонија во СФРЈ” која никогаш не била “независно македонска”, надвор од федерацијата?

Во граѓански устав со јасна изразена етничка припадност за македонскиот народ, и деловите од народите, нема место за “пресликување” на туѓи ситуации во наш општествен контекст. А, најмалку има простор за привидна етничка доминација, во опасната гео-стратешка и регионална “празнина” надвор од единствениот политички, култоролошки, цивилизациски демократски систем на владеење на правото и слободата; како што е системот на Европската Унија.

И затоа прашањето не е што треба нам “да ни даде Европската Унија”, туку што ние “треба да дадеме” како вредност на Европската Унија? Ние како свесни, одговорни и цивилизирани граѓани (и исто такви власти), кои тоа ќе бидеме, само ако сме слободно тоа што нашиот устав го гарантира – Македонците ќе бидат “поголеми”, само ако Албанците не бидат “помали”. Или било кој друг народ, кој е или наскоро ќе биде дел од нашиот устав.


Текстот е преземен од ФБ профилот на Авторката

Next Post

Руски шпионски брод влегол во британски води и насочувал ласери кон воени пилоти

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk