Научници открија огромна пајажина со површина од повеќе од 100 квадратни метри, во пештера сместена на границата меѓу Грција и Албанија. Наодот е објавен во стручното списание Subterranean Biology и претставува едно од најголемите познати пајачни структури документирани во природата.
Пајажината е пронајдена во т.н. Сулфурна пештера, наречена така поради исклучително високата концентрација на сулфур во внатрешноста. Пештерата се наоѓа во клисурата Вромонер, на погранично геолошко подрачје.
Повеќе од 111.000 пајаци од две различни фамилии
Според студијата, мрежата покрива приближно 106 квадратни метри, а на неа се идентификувани: околу 69.000 примероци од фамилијата Tegenaria domestica и повеќе од 42.000 примероци од фамилијата Linyphiidae
Научниците велат дека ваквата концентрација укажува на стабилно, богато и изолирано живеалиште, со доволно храна и специфични микроклиматски услови кои ја фаворизираат оваа популација.
Откритието прво го пријавиле членови на Чешкото спелеолошко друштво, кои ја забележале необично големата структура при истражување на пештерата.
Пештерата е дом и на други видови инсекти
Во Сулфурната пештера, покрај пајаците, живеат и други артроподи, меѓу кои: стоноги, шкорпии, тврдокрилци, како и други подземни инсекти кои се приспособени на екстремни услови.
Специјалистите додаваат дека комбинацијата од влажност, топлина и сулфурни испарувања веројатно овозможила развој на ваква масивна пајачна колонија.







