Седум години по скандалите со обвинувања за сексуално вознемирување, актерот Кевин Спејси откри дека останал без дом. Поранешната холивудска ѕвезда нема постојана адреса и моментално живее во хотели и изнајмени сместувања, што претставува драматичен пад за двојниот оскаровец чииот живот се промени по низа обвиненија што започнаа во 2017 година.
Во интервју за The Telegraph, Спејси изјави дека станал бескуќник поради огромните правни трошоци, но и затоа што никој веќе не сака да му понуди улога. „Живеам по хотели, по Airbnb станови. Одам таму каде што има работа. Буквално немам дом, тоа се обидувам да го објаснам“, рече тој.
Спејси додаде дека неговата куќа во Балтимор била продадена на аукција, поради што останал без стабилна адреса. „Трошоците во последните седум години беа астрономски, а приходите минимални“, изјави актерот.
Иако неговата кариера е речиси замрзната, Спејси беше ослободен од одговорност во повеќе случаи. Во Лондон во 2023 година беше прогласен за невин по обвиненијата на четворица мажи кои тврдеа дека биле сексуално нападнати од него помеѓу 2001 и 2013 година. Во 2022 година беше ослободен и во граѓанската тужба поднесена од актерот Ентони Рап, кој тврдеше дека Спејси го нападнал во 1986 година, кога Рап имал 14 години.





