ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Што изјавува Трамп за судии во САД: „Корумпиран“, „лев лудак“, „непријателски судии“, „расипан судија“, „корумпирани судии на длабоката држава“!

November 22, 2025 10:43
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на 2024–2025 година, изјавите на Доналд Трамп за судиите и правосудниот систем станаа едно од обележјата на неговите јавни настапи. Еве како Трамп разговара, односно се обраќа кон некои судии, што за нас е посебно интересно ако се има предвид како нашите судии со два отсто доверба се сензитивни кога некој ќе ја коментира нивната работа (на пример, премиерот Мицкоски) па заедно со обвинителите пишуваат соопштенија или уставните судии на кои им сметаат насловите за Добрила Кацарска извадени токму од нивното соопштение).

Инаку, според истражувањето на Галуп, во 2024 г. 38 отсто од Американците имале доверба во нивниот правосуден систем (за разлика од 2 отсто кај нас), а дури 58 отсто сметале дека нивните кривични судии не се доволно остри кон сторителите на кривични дела.

Еве само мал дел од изјавите на Трамп за одредени судии:

„Нема никакво кривично дело. Имам расипан судија. Тој е целосно конфликтен судија.“

Трамп го коментира судијата Хуан Мерчан додека зборувал на митинг во Висконсин, за прекршување на правилото судиите да не зборуваат за судски случаи и учесници. (1 мај 2024 година)

„На судијата треба да му се одземе лиценцата! … Корумпиран судски систем.“

Доналд Трамп јавно бара да му се одземе правната лиценца (да „биде дисквалификуван“) на судијата Хуан Мерчан, нарекувајќи го „корумпиран“ системот. (4 јануари 2025-та)

„Корумпирани демократски судии и обвинители делуваат против политички противник, против претседателот, против мене, на ниво на неправда што никогаш не е видено претходно.“

Тој го претставува својот судски случај како политичка машинерија, тврдејќи дека „демократски корумпирани судии и обвинители“ се насочиле кон него лично. (4 јануари 2025 година)

„Можеби ќе треба да погледнеме кон судиите, затоа што мислам дека тоа е многу сериозно прекорачување.“

Ова го кажал додека разговарал со Илон Маск за судиите кои го блокираат неговиот план за намалување на буџетските трошоци. (12 февруари 2025 година)

„Ќе ги исфрлиме злонамерните актери и корумпираните сили од нашата влада … корумпираната група хакери и радикали … толку корумпирани … толку злонамерни.“

Овој дел е од говорот на Трамп во Министерството за правда. Тој ја опишува правосудната (и правна) структура, како длабоко корумпирана и вели дека треба „искоренување“ на оние „слободни актери“ во правните институции. (15 март оваа година)

Претседателот Трамп во говорот во Министерството за правда повика и на одговорност одредени групи на новинари, обвинители и судии и најави можни казнени мерки (вклучително и затвор) за оние што нападнале негови соработници. (15 март 2025 година)

„Тоа е лажно, измислено обвинение од корумпиран судија кој само ја извршува работата на „министерството за неправда“ на Бајден и Харис.“

Трамп го критикува судот што го осуди за случајот „тајни уплати“ и адвокатите на судијата Мерчан, тврдејќи дека станува збор за „политички прогон“. (15 март о.г.)

„Овој е радикален, лев лудак од судија, проблематичен и агитатор … Овој судија, како и многумина од корумпираните судии пред кои сум принуден да се појавувам, треба да биде отповикан!“

Станува збор за судијата Џејмс Бозберг, кој издал наредба за запирање на депортации на наводни венецуелски членови на банди под „Alien Enemies Act“. (18 март 2025-та)

А после една седмица ќе изјави: „Јас само го правам она што гласачите сакаа да го направам“.

„Судиите ја узурпираат претседателската власт.“

По низа судски одлуки кои го ограничиле спроведувањето на извршни мерки (март 2025-та), Белата куќа и Трамп обвинија судии дека ја презеле моќта која и припаѓа на претседателот т.е. извршната власт.

Во текот на март оваа година, претседателот Трамп во повеќе наврати се осврнуваше на учесниците во американскиот правосуден систем, барајќи импичмент за некои судии:

„Ќе мора да отповикаме неколку од овие радикални судии“, „ова се криминални актери внатре во нашата влада“, таргетираше федерални судии во имиграциски случаи „овие судии ја саботираат националната безбедност“, обвинуваше дека некои судии се дел од „длабоката држава“ нарекувајќи ги  „корумпирани судии на длабоката држава“.

Во април и мај пак, велеше дека „неизбрани судии го блокираат тоа за што гласаа Американците“ односно, дека „мора да го исчистиме корумпираниот правосуден систем“ и дека во Америка има „непријателски судии… кои работат против земјата“.

Tags: САДсудииТрамп
Next Post
Албанска азбука

Денот на албанската азбука – симбол на јазичен идентитет и културна автономија

Shortcut

Најново

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk