ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Алиу: Човечките капацитети се најважниот екосистем во здравството, изготвивме регистар на здравствени работници како алатка за креирање здравствени политики

November 25, 2025 12:29
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистински реформски политики во здравствениот систем започнуваат кога веќе се скенира актуелната состојба од инфраструктурна гледна точка и од најважниот екосистем во здравството, а тоа се човечките капацитети“, порача министерот Азир Алиу во емисијата „Топ тема“, на телевизија Телма, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Тој појасни дека токму поради ова приоритетот уште од првиот ден како министер беше анализа на здравствените ресурси со цел да се види до каде е здравството од аспект на човечките ресурси.

„Во овој момент ние имаме вкупно 15.529 доктори, од кои 14.940 се лиценцирани, додека 599 се во фаза на релиценцирање“, соопшти министерот Алиу и додаде дека овој регистар на здравствени работници ќе биде поврзан со централниот дата центар на Министерството.

Министерот Алиу појасни дека овој регистар ќе биде алатка која ќе служи како основа за организирање, менаџирање и креирање на здравствени политики. Во моментот анализата покажува дека распределбата на човечките капацитети не е соодветна, а тоа значи дека во некоја установа има повеќе вработени на некое одделение отколку реалната потреба, а истиот профил во друга установа недостасува.

„Според овие анализи кои ги имаме и според националната стратегија која ја креираме заедно со Министерството за образование и наука, ние освен што ќе правиме реорганизација на капацитетите, ќе предвидуваме и колку здравствени профили произведуваме, со цел да можеме да ги вклучиме во систематизацијата на работните места“, рече министерот Азир Алиу.

Тој додаде дека со регистарот за здравствени ресурси првиот чекор веќе е направен и се знае колку човечки капацитети има во државата, односно се знае каде и колку доктори имаме, нешто што не е направено над 30 години.

„Вториот момент е регистар на опрема, апаратура и инфраструктура, со кој што ќе знаеме со што реално располагаме. Со колку метри-квадратни располагаме, со колку и каков тип на апаратура располагаме, тоа веќе го правиме“, рече министерот Алиу и додаде дека со јасно дефинирани човечки и инфраструктурни капацитети, врз основа на податоци, ќе може да се креираат политики во здравството за наредните десет години.

Министерот Алиу додаде дека политиките креирани во здравствениот систем се нефлексибилни и стари, со оглед дека има закони во здравството кои не се променети со децении.

Tags: Алиу
Next Post

Србија ќе даде 42 милиони евра за учество на земјите на EXPO 2027: Поддршка за 81 држава и меѓународни организации

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk