ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мировниот план за Украина главна тема: Руте на виртуелен состанок на Коалицијата, утре заседаваат и шефовите на дипломатиите на ЕУ

November 25, 2025 10:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе учествува на виртуелниот состанок на „Коалицијата на подготвените“ за поддршка на Украина, соопшти Прес-службата на Алијансата.

Главна тема на состанокот на претставници од повеќе од 30 земји, чии домаќини се францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, според најавите, ќе биде најновиот Мировен план за Украина.

Станува збор за документ од 19 точки, усогласен во текот на викендов на средба на претставници на САД и Украина, кој вклучува одредени отстапки за Русија во замена за прекин на војната.

Заседанието на „Коалицијата на подготвените“ се одржува во пресрет на утрешниот вонреден онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Мировниот план за Украина ќе биде главна тема и на овој министерски собир, но се очекува да стане збор и за санкциите кон Русија, мерките против т.н. руска „флота во сенка“, како и обезбедувањето на финансиска поддршка за Киев.

Лидерите на ЕУ на октомврискиот Самит се обврзаа дека Унијата ќе ги покрие финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, но планот за тоа со т.н. „заем за репарации“, кој предвидува искористување на 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства за исплата на оваа поддршка, беше блокиран од Белгија.

Белгија, каде се наоѓаат најголемиот дел од замрзнатите руски средства, односно речиси 180 милијарди евра, и натаму се противи на ваквиот план, барајќи гаранции за правна заштита и договор за споделување на ризиците од користењето на овие средства.

Токму ваквата постапка на Белгија, според висок европски функционер, е причина што ЕУ не била поканета на разговорите за Мировниот план за Украина.

– Доколку на последниот Европски совет се согласивме за договор за користење на руските средства за финансирање на Украина, ова немаше да се случи. Ако сакаме место на масата за преговори, треба да ги исплатиме парите, изјавил европскиот функционер за „Еурактив“.

Tags: мировен планРутеУкраина
Next Post

Слободен влез за натпреварот на македонската кошаркарска репрезентација со Азербејџан

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk