ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Власта дава 10 денари по килограм за неколку винарии наместо за лозарите

November 28, 2025 19:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите. Според нашите инфорации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите. Оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник. Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за 3, туку за 10 денари по откупен килограм да им се додели на винариите!, ијави на прес-конференција Александар Димитриевски, од Комисијата за земјоделство на СДСМ.

„Владата на Мицкоски и министерството на Трипуновски нема пари по 3 денари да им даде на лозарите ама ќе им дава 10 денари по килограм на винариите откако преходно им даде 2 денари.

Она што е еднакво запрепастувачки е што периодот е само за откупено грозје во периодот од 17.09.2025 – 31.10.2025 година.

Ова е скандалозно и недозволиво а мириса, смрди и на корупција.

Еве зошто:

Прво оваа наменска мерка на владата значи финансиска поддршка само за многу мал број на винарии, а не за лозарите. Зошто мал број винарии се поважни од лозарите?

Второ, висина на финансиската поддршка од десетина милиони денари е оргомна а се однесува на мал број на корисници.

Трето периодот за кој истата ќе важи.

Го прашуваме министерот Цветан Трипуновски врз основа на која анализа е донесена ваквата мерка? Дали е дискутирана со подсекторската група и дали наидува на одобрување на производителите и откупувачите?

Дали оваа мерка е креација на договор во четири очи и однапред се знае кој ќе ги добие парите?

СДСМ бара Владата да ја поништи оваа одлука веднаш бидејќи е на штета на лозарите и затоа што е основа за корупција.

Антикорупциската комисија, Обвинителството и сите други надлежни институции за злоупотреба на парите на граѓаните да го испитаат овој крајно коруптивен скандал и да реагираат.

Станува збор скандалозен обид за испумпување на државни средства и поигрување со секој вреден земјоделец кој со месеци чека на државната финансиска поддршка.

Трипуновски одби да ја објави производствената цена на најзастапените вински сорти Вранец и Смедеревка. Ова одбивање на почитување на Законот донесе срамни откупни цени за трудот на лозарите на сметка на откупувачите.

Понатаму го одбија предлогот на СДСМ за носење на закон за доделување на финансиска поддршка од дополнителните 3 денари за предаден килограм грозје.

Нема пари за лозаропроизводителие, нема субвенции за одгледувачите за овци, млекопроизводителите, градинарите, органските производителите и регистрираните земјоделци.

Но очигледно власта има пари да дели и тоа по дополнителите 10 денари по килограм откупено грозје на мал број откупувачи кои дополнително се богатат на маката на лозарите.

Корупцијата во земјоделството мора да биде запрена веднаш. СДСМ силно ќе се спротивстави на овие обиди и ќе биде гласот на секој еден земјоделец“, истакна Димитриевски.

Next Post
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Русија ја забрани работата на организацијата Хјуман рајтс воч

Shortcut

Најново

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk