Ариана Гранде уште еднаш покажа дека пријателството и колегијалната поддршка за неа не се само празни зборови. Поп-ѕвездата и актерка привремено ги запрела обврските околу промоцијата на филмот Wicked: For Good, во знак на солидарност со својата колешка и блиска пријателка Синтија Ериво, која се разболела за време на напорната прес-турнеја, пренесува Си-Ен-Ен.
Ситуацијата, меѓутоа, добила и ироничен пресврт – недолго потоа, и самата Гранде се соочила со истата судбина. На својот Инстаграм профил, таа објави фотографија од зад сцената на The Tonight Show With Jimmy Fallon, со краток, но многу јасен коментар: „Моментите пред ковид“.
Објавата сугерира дека Гранде се разболела токму по снимањето на емисијата, во период кога таа и Ериво ја приведуваа кон крај интензивната промотивна кампања за еден од најочекуваните филмови во моментов.
Двете актерки низ целиот промотивен процес јавно ја покажуваат својата блискост и заемна поддршка. Тоа особено дојде до израз на њујоршката премиера на филмот, кога Аријана Гранде свесно одлучи да не дава интервјуа, откако Синтија Ериво остана без глас и не беше во можност да учествува во медиумските појавувања.
Наместо да продолжи сама, Гранде испрати јасна порака – нивното партнерство не функционира само на големото платно, туку и надвор од него. Гестот беше позитивно пречекан од фановите, кои веќе извесно време ја слават искрената и блиска врска меѓу двете ѕвезди.
Редакција Фронтлајн







