ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Во 2025 година регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија

November 30, 2025 13:00
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА.

ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во 2024 била 5,3/100.000 жители.

Бројот на случаи во 2025 година е помал за 25,5 отсто споредено со истиот период од 2024 година кога бил регистриран 51 случај.

Од случаите во 2025 година, најголем дел (n=15) се со место на живеење во Скопје со инциденца од 2,5/100.000 жители. Останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 14 градови од Македонија. Еден случај во 2025 е странски државјанин.

од 38-те регистрираните случаи, 37 лица се од машки пол, едно од женски пол. Возраста не отстапува значително од возрасната дистрибуција од предходно пријавените случаи. Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 23 до 64 година, а 73,7 отсто од случаите се на возраст од 20 до 39 години. Оваа година, според податоците на Институтот се регистрирани осум смртни случаи поврзани со СИДА.

Од анализата на пристигнатите пријави, од тие со достапен податок, се забележува дека во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се пет лица со хетеросексуална трансмисија и 29 лица од МСМ популацијата.

Од 1987 до 2025 во Македонија регистрирани 726 случаи на ХИВ/СИДА

ИЈЗ нагласува дека Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ, од 1987 до 2025 се регистрирани 726 случаи на ХИВ/СИДА, но во последните години се бележи нагорен тренд, 32 отсто од сите случаи се регистрирани во последните пет години.

Кумулативно, од регистрираните случаи, 655 (90,2 отсто) се од машки пол и 70 (9,6 отсто) од женски пол. Високото пропорционално учество на машки лица во бројот на новорегистрирани случаи е тренд во изминатите 15 години.

Просечната возраст на регистрирани случаи кога била поставена дијагнозата е 34 години (опсег од 0-85 години). Дистрибуцијата по возраст укажува дека најзафатени се сексуално активни лица на возраст од 20-39 години кои чинат речиси три четвртини од дијагностицираните случаи (73%, n=530). На млади на возраст до 19 години отпаѓаат помалку од 2 отсто.

Во периодот од 1987 до 2025 година вкупно 138 од дијагностицираните лица во Македонија починале поради причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 18,2 отсто.

Со воведувањето на антиретровирусната терапија, преживувањето на лицата кои живеат со ХИВ е значително подобрено, во последните 10 години од 447 регистрирани случаи регистрирани се 33 смртни случаи што претставува стапка на смртност од 7,4 отсто. Кумулативно, најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје.

Според начинот на трансимија најголем број од случаите (62,1 отсто) се кај мажи кои имале секс со маж, хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 229 случаи.

-Слично како и во останати земји од европскиот регион, во Македонија, мажи кои имаат секс со мажи се изложени на поголем ризик од ХИВ инфекција, во последните 10 години 72,8 отсто од регистрираните случаи се кај мажи кои имале секс со мажи, наведува ИЈЗ.

Во светот досега 44,1 милион смртни случаи

Во светот досега се регистрирани околу 44,1 милиони смртни случаи, а трансмисијата на вирусот се регистрира во сите земји на глобално ниво.

Се проценува дека на крајот на 2024 година живееле 40,8 милиони луѓе со ХИВ, од кои 65 отсто се во африканскиот регион на СЗО.

Во 2024 година, околу 630 000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ и се проценува дека 1,3 милиони луѓе се здобиле со ХИВ.

Не постои лек за ХИВ инфекцијата. Меѓутоа, со пристап до ефикасна превенција, дијагноза, антиретровирусен третман и грижа за ХИВ, вклучително и за опортунистички инфекции, ХИВ инфекцијата стана хронична здравствена состојба, овозможувајќи им на луѓето што живеат со ХИВ да водат долг и здрав живот.

СЗО на 1 декември се приклучува кон партнерите и заедниците во одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА 2025, под мотото „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот кон СИДА“, повикувајќи на континуирано политичко водство, меѓународна соработка и пристапи засновани на човекови права за ставање крај на СИДА до 2030 година.

Tags: МакедонијаХИВ/СИДА
Next Post

„Кој бара СДСМ да расчисти со Филипче и Заев, криминалната ДПМНЕ?“, прашуваат од СДСМ

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk