Мишел Монаган откри дека во текот на својата кариера често морала да ги соблекува чевлите со високи потпетици за да не биде повисока од своите машки колеги на филмскиот сет, но јасно порача дека со таа практика е завршено.
Во неодамнешно интервју за The Hollywood Reporter, објавено кон крајот на ноември, 49-годишната актерка се присети на снимањето на филмот Somewhere од 2010 година, во режија на Sofia Coppola, каде што играше заедно со Стивен Дорф.
„Единственото нешто што го паметам од таа сцена е кутијата на која тој стоеше затоа што беше понизок од мене“, изјави Монаган. „Тоа е класичен холивудски момент: ‘Ова е проблем. Ќе мора да ги соблечеш потпетиците.’“
Актерката, позната и по улогата во серијата The White Lotus, вели дека ваквите очекувања денес постепено се менуваат.
„Патем, тоа веќе не го правам. Имаше период во мојата кариера кога тоа се очекуваше од глумиците, но сега мислам дека луѓето едноставно знаат подобро, што веројатно е добра работа“, рече таа.
Својот став го сумираше со јасна порака: „Нема да ги соблечам чевлите поради никого – освен ако проблемот не е поврзан со звукот.“
Монаган во моментов го промовира филмот The Family Plan 2, кој на Apple TV+ е достапен од 21 ноември. Во продолжението таа повторно игра заедно со Mark Wahlberg, а двајцата се враќаат во улогите на брачниот пар Ден и Џесика од првиот филм, кој стана стриминг-хит во 2023 година.
Дејството на новиот филм е сместено во празничниот период и ја следи семејната авантура за време на одмор во Европа, каде што мистериозното минато на Ден повторно излегува на површина.
Актерката не крие дека ужива во соработката со Волберг.
„Навистина одлично си поминуваме заедно. Навистина уживаме додека работиме“, изјави таа, додавајќи дека и двајцата се целосно посветени на проектот и дека со задоволство работат со младите актери кои ги играат нивните деца во филмот.





