ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ВИДЕО) Обвинетите за трагедијата во „Пулс“ не се чувствуваат виновни

December 2, 2025 13:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Сите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, на денешното рочиште во судницата во Идризово изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Дел од нив упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.

Најпрво, дека не се чувствува виновен се изјасни сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов.

Директорот на ММММ Кафе, Митко Стојанов, изјави дека искрено жали за починатите луѓе и неизмерната болка.

– Кога би можел, животот би го дал. Не се чувствувам виновен, рече Стојанов.

Општинскиот градежен инспектор, Огњен Георгиев, исто така, изрази сочувство.

– Не се чувствувам виновен и не ми е јасно зошто сум обвинет. Јас сум пензионер, моето дело е застарено. На моите две испитувања во предистражната постапка е докажано дека немам вина. Најверојатно сум обвинет само за да се пополни бројот. Сакам судот да го земе предвид излагањето на мојот адвокат и да донесе одлука за моето ослободување, посочи Георгиев.

Поранешниот градоначалник Љупчо Папазов нагласи дека го разбира обвинението, но не и мотивите на обвинителите.

– Го разбирам обвинението, но не ги разбирам мотивите на обвинителството да бидам сместен во вака конструирано обвинение. Не може да се избегне впечатокот за селективност во водењето на истрагата и понатамошната постапка, рече Папазов.

Директорот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Јане Јанчевски, изрази сочувство и порача: „Се надевам дека сме тука да ја побараме правдата, а не да се осудуваме предвреме. Не се чувствувам виновен, го разбирам обвинението.“

И обезбедувачот Ивица Грозданов рече дека не се чувствува виновен.

– Бев затекнат во објектот, три ипол часа помагав и мислам дека не треба да бидам обвинет, рече тој.

Обезбедувачот Мартин Георгиев, исто така, изрази сочувство, но не се чувствува виновен.

– Не се чувствувам виновен за делата кои ми се ставаат на товар. Ние како обезбедувачи го жртвувавме својот живот за да спасиме што повеќе луѓе, нагласи Георгиев.

Обезбедувачот Стојанчо Димитриев не призна вина и изрази сочуство.

– Не се чувствувам виновен, чувствувам огромна тага бидејќи меѓу жртвите имам голем број другари. Направив се што можев, помогнав колку што можев, криво ми е што не успеав да спасам повеќе животи ризикувајќи го својот живот, рече Димитров.

Поранешниот директорот на ДЗС, Шабан Салиу, оцени дека „обвинението е политички мотивирано и правно неосновано“ и изјави дека не се чувствува виновен.

Поранешниот функционер во Министерството за економија, Зоран Николовски, нагласи: „Ни во сон не сум мислел нешто вакво. 13 години веќе не работам во министерството и не се чувствувам виновен за овој настан.“

Пазарниот инспектор Весна Кузмановска упати сочуство кон родителите, додавајќи: „меѓу нив има школски другари на моите деца. Не се чувствувам виновна бидејќи сум ги извршувала своите работни задачи одговорно.“

Останатите обвинети кои не признаа вина се менаџерот и син на сопственикот Михаил Јованов, сопственикот на објектот Гроздан Милковски, проектантот во „Венци проект“ Милка Ендровска која упати сочуство, братот на сопственикот Тодор Јованов кој исто така изрази сочуство, општинските градежни инспектори Љупчо Стаменов и Николчо Коцев, поранешните градоначалници Ратко Димитровски и Николчо Илиев, обезбедувачот Лазар Захариев, директорите на ДЗС Аднан Џаферовски, Беким Максути, и Џевад Селами. Генералниот инспектор во ДЗС Љупчо Грнчиштанов, поранешниот министер Ваљон Сараќини, поранешниот министер Крешник Бектеши, претставниците од Министерството за економија Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Беким Хаџиу и Арлинда Касапи, пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова и Емил Митев, Размена Чекиќ Дуровиќ од Министерството за економија, сопственикот на „Рубикон“ Александар Нацев кој рече дека го разбира обвинението но не се чувствува виновен, како и претставникот на ММА кој не го прифаќа обвинението, претставникот на „Рубикон Секјурити“ кој не го признава делото и управителот на „Венци проект“ кој истакна дека фирмата не се чувствува виновна и ќе го докаже тоа во судењето.

Судењето кое се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и јавноста продолжи со воведни зборови на одбраната.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа седнаа 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Tags: КочаниПулс
Next Post
Фото: Скриншот

Полицијата на Хонг Конг приведе 15 лица за убиство од небрежност по пожарот, бројот на жртви се искачи на 156

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk