ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Проф. д-р Пендаровски (1): Треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот нѐ водат

December 3, 2025 15:36
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го објавува и целосниот транскрипт од првиот дел од големото ексклузивно интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко.

Во ова интервју Пендаровски проговори отворено, аргументирано и со невидена прецизност за хибридните операции што ја погодуваат земјата – и ги изговори можеби најострите предупредувања досега.

ЦИВИЛ: Како ја оценувате состојбата со хибридните закани во 2025 година со кои се соочи Северна Македонија? Кои се најопасните форми на политички, медиумски и безбедносни влијанија кои ги гледате во денешно време во поглед на нашата земја? И конечно, како ја оценувате позицијата или ставот дека Северна Македонија од таргет на хибридните закани и хибридните напади полека станува прокси држава на руските интереси, на руско-српските интереси во Западен Балкан?

ПЕНДАРОВСКИ: Кратко и јасно. Македонија е одамна прокси држава. Не е само транзиторна држава или држава реципиент на пропагандни вести, на лажна пропаганда, на хибридни закани, и тоа се одвива минимум во последните 7-8 години.

Значи, ако ја дефинираме улогата на нашава држава, во тој пајплајн, како го нарекуваат, во тој канал, кој почнува од Москва, па преку регионални проксии се проширува и на останатите, ние сме еден од подизведувачите на главниот регионален подизведувач на руски свет. Значи не сме само реципиенти, приматели на такви вести или обични дисеминатори.

Во Македонија постојат сериозни политички структури, да не зборувам за безбедносен контекст, меѓутоа политички структури кои мислат дека клучните вредности кои ги пропагира идеологијата наречена руски свет се подобри за нас, отколку клучните вредности на евроатлантската алијанса и НАТО алијансата, посебно каде што сме членки формално од 2020 година.

Од тој аспект, ние можеме сега да разговараме – се разбира, ако се согласуваме како држава со оваа дефиниција – за контрастратегиите наспроти таквите влијанија. Меѓутоа, ако велиме дека сме или – тоа е мојата теза – дека ние полека стануваме и сокреатори на дел од тие главни тенденции кои доаѓаат од северот кај нас, тогаш треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот нѐ водат.

Ние почувствувавме поголем наплив на пропаганда која доаѓа од тој концепт наречен руски.

Инаку, рускиот свет е стара една идеја, сигурно датира од некаде од почетоците на претходниот век, меѓутоа формално на ниво на концепт се оформува и се поддржува од руската држава, од врвот на руската држава, на Руската Федерација од 2007 година. Тие формираа фондација наречена „руски свет“ и тоа интересно коинцидира со таканаречениот историски говор на Путин на Минхенската безбедносна конференција и истата таа 2007 година во која најави дека жестоко ќе се борат против она што тие го перципираат како униполарен свет, велејќи дека не може една држава, мислејќи на Америка, да диктира што другите ќе прават и растот после тоа… Тоа е долга дебата, да не ја шириме на таканаречените суверенистички партии и политичари, па и тука во регионот, а особено во западниот дел од Европа.

Значи, не е ново. Меѓутоа во моментот кога бевме ние во предворјето да влеземе во НАТО алијансата, по потпишувањето на Преспанскиот договор, кога беше иминентно нашето влегување во алијансата, тогаш нагло се зголеми интензитетот на руската пропаганда повторно преку регионалните проксија тука и јас тврдам дека во септември кога имавме референдум за името, дека во тој период имавме најголем наплив или интензитет на напади по таа основа, по таа оска да ја наречам.

Јас сум го кажувал тоа и порано јавно.

Значи, во предвечерието на референдумот за името, кое беше на 30-ти септември 2018 година, над 30 веб страници беа наменски формирани на територијата, да емитуваат на територијата на Македонија, со тоа што имаа сите тие триесетина имаа многу слични имиња со веќе постојните портали, мала измена, точка, запирка, додаток напред, при крајот на името.

Потоа откога влеговме, тој интензитет се намали, бидејќи влеговме внатре и станавме дел од информативниот систем и размена на информации со другите НАТО сојузници.

А со почетокот на руската инвазија 2022 година во Украина, дополнително се намали изворната содржина на рускиот свет и останаа само тие рецидиви на регионалните прокси играчи, затоа што комплетната руска машинерија во рамки на тој концепт се насочи кон обидите да контрира на западната наратива за она што тие го прават во Украина.

Значи, сите ресурси беа дадени да се покаже дека се работи за легитимен интерес на руската држава, а не за една апла инвазија врз друга суверена држава. Впрочем, сите гласања во Обединети нации на таа тема покажуваат дека над две третини, значи над 70% од сите членки на Обединетите нации, значи, практично целиот свет, со огромно мнозинство јасно ја дефинира руската инвазија како нелегална.

Џабир Дерала
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Продукција: ЦИВИЛ Медиа


CC BY 4.0 | дозволено е преземање со задолжителна атрибуција – линк и извор |
Преземено: ЦИВИЛ Медиа
Next Post
Фото: Влада на РСМ

Меѓународен ден на лицата со попреченост: Министерот Алиу најави развој на семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk