ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Проблемот со повратот на ДДВ е технички: Министерката за финансии тврди дека системите на УЈП не се надградени од 2011 година

December 4, 2025 14:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, проблемот е од техничка природа во УЈП, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со повратот на ДДВ, таа напомена дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени од 2011 – 2012 година.

Според министерката, државата се задолжува во рамки на планираното, а за идната година веќе се анализираат пазарите. Предвидено е издавање еврообврзница, а ќе се користат, како што објасни, различни извори на финансирање за да се затворат најпрво претходно направените обврски и за финансирање на буџетскиот дефицит проектиран за 2026-та.

-Во однос на повратот на ДДВ, во континуитет повторувам дека нема задоцнување освен таму каде што има дополнителни проверки во УЈП. Вие велите девет месеци, а јас можам најодговорно да тврдам дека во Министерството за финансии не постојат налози кои стојат девет месеци. Такво нешто е невозможно. Ако сакате повеќе податоци, да се обратите во УЈП. Ние и во текот на вчерашниот ден разговаравме тука, каде е проблемот. Проблем во Министерството за финансии, најодговорно тврдам, нема. Ако некој мисли дека има, го повикувам Државниот завод за ревизија веднаш да влезе по оваа дискусија и да провери дали во системот стојат налози за „Мој ДДВ“.

Технички е проблемот, она што го зборуваме во континуитет – не можете да очекувате седум-осум години да не се надгради ништо во УЈП и наеднаш сега се да биде како што треба. Моите колеги од ИТ постојано ја посетуваат УЈП, таму буквално се е во лоша состојба и сега директорката максимално работи со тие ресурси, со тоа што го има, додека не се направи дигитализација. Но, кога зборуваме за дигитализација, мора да напоменам дека не можеме да дигитализираме, а да немаме поврзувања на основните системи, да сме планирале одредени постапки за набавка што подразбираат некакви набавки кои во моментот значат „кровот ќе го градиме ама темелите ги немаме“. Јас тоа како министер за финансии не можам да го дозволам и на тоа сега работиме, потенцира Димитриеска-Кочоскa.

Tags: ддвДимитриеска Кочоска
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Федерика Могерини поднесе оставка од функцијата ректорка на Колеџот на Европа

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk