ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Започна „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – силна порака од ЦИВИЛ за будност, отпорност и заедничка акција

December 5, 2025 15:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со прес-конференција одржана денеска во 11 часот во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, официјално започна деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“. Тимот на ЦИВИЛ најави динамична серија активности посветени на заштитата на демократските процеси, слободата на медиумите и човековите права во време на растечки глобални закани. Програмата беше презентирана на македонски и албански јазик.

Повик за будност, а не само уште еден настан

На прес- конференцијата се упати порака дека оваа програма не е само уште една точка во календарот, туку силен повик за здружена акција. Во воведното обраќање на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ се нагласи дека демократијата денес е под постојан притисок – и во земјава, и во регионот, и во светот.

„Живееме во време кога вистината е оспорена, човековите права се под закана, а демократиите се соочуваат со удари од војни, авторитарни режими и хибридни операции. Она што пред неколку години беше сфера на развој и едукација, денес е сфера на одбрана“, истакна Дерала.

Неопходно е  демократските општества да преземат итни и решителни мерки за спротивставување на империјализмот, агресијата и авторитаризмот што ја нарушуваат стабилноста и го поткопуваат јавниот интерес, беше една од пораките што ЦИВИЛ ги упати до јавноста.

Девет дена посветени на вистината, слободата и отпорноста

Програмата, која ќе трае до 12 декември, носи богата агенда: медиумски активности, јавни настапи, експертски тркалезни маси, работилници и финална меѓународна конференција со истакнати учесници од Германија, Украина, Франција, Италија, САД и регионот.

Во фокусот се клучните теми што веќе ја моделираат иднината на демократијата:

  • руските хибридни операции и дезинформациски стратегии,

  • улогата на медиумите во време на пост-вистинска политика,

  • авторитарните влијанија во Европа и регионот,

  • експлозивниот развој на вештачката интелигенција, особено во безбедносни и информациски контексти.

ЦИВИЛ нагласи дека ваквите теми се критични, бидејќи општествата во регионот се наоѓаат во период на зголемена чувствителност, каде што лажните наративи и пропагандата добиваат значајно влијание врз јавната дебата.

Во своето обраќање Биљана Јордановска ја презентираше подетално целата програма како деветдневна стратегиска, општествена и мултимедијална програма посветена на човековите права, демократската
отпорност и одговорот на хибридните закани.

Завршниот настан ќе се одржи на 15 декември кога јавно ќе се претстави Извештајот од Локалните избори 2025 со стратешки препораки.

Демократијата опаѓа кога јавноста се изморува

На прес-конференцијата беше упатена и силна порака дека демократијата пропаѓа таму каде што граѓаните се повлекуваат, а институциите остануваат без контрола.

Дерала повика и на лична и општествена одговорност во справувањето со ерозијата на институциите и демократските стандарди – тренд кој, како што беше речено, не е само локален, туку дел од глобален судир меѓу демократски и авторитарни модели на владеење.

Старт со јасна порака

Со денешната прес-конференција започна програмата што ќе обедини истражувачи, новинари, активисти, интелектуалци и меѓународни партнери со една заедничка цел.

„Демократијата преживува само кога активно се брани. Ние сме тука токму за тоа – да ја браниме, да ја унапредуваме и да ја споделиме таа обврска со целото општество.“

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Јордановска: „Хоризонти на слободата“ е повик за заедничка акција

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk