ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Македонија станува црна точка – тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ 2030

December 7, 2025 09:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ оцени дека најновите регионални инфраструктурни договори меѓу Грција, Бугарија и Романија, како и „претставената програма на ВМРО-ДПМНЕ“, испраќаат иста порака – дека Македонија ризикува да стане, како што велат, „црна точка на Балканот“.

Од партијата потсетуваат дека трите земји членки на Европската унија го потпишаа Меморандумот за коридорот Црно Море – Егејско Море, кој предвидува модернизација на железничката, патната и пловната инфраструктура во правец север-југ.

„Ова значи дека сите од ЕУ ќе ја заобиколуваат Македонија. Нема да има прилив на пари од транспорт низ земјава, помал прилив од патарини, од точење бензин и од другите придружни активности“, соопштува СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека и втората важна вест – програмата „Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ – го носи истиот заклучок.

„Што имаат заедничко двете вести? Македонија – црна точка“, стои во реакцијата, во која СДСМ потсетува дека ваквиот знак, кој во ЕУ речиси исчезнал, „на големи врати се враќа во Македонија“.

Според партијата, „црна точка“ означува место со висок ризик за граѓаните, но и симболичен статус на држава што е изолирана од европските процеси.

„Како кратка делница на патот кон ЕУ, која најчесто е изолирана, најмногу од Европската унија и демократскиот свет, а многу често и од сопствените граѓани – поради криминал, корупција и сиромаштија“, порачаа од СДСМ.

Во соопштението се додава и политичка оцена за вчерашниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

„Ова е само дел од програмата ‘Македонија 2030’, претставена од стариот и новиот будимпештански шоферски тандем – зад воланот Груевски и Мицкоски, како некогаш популарната серија ‘Камионџии’“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ оценуваат дека таквата политика „сигурно нема да им одговара на граѓаните“, но „можеби ќе биде добра за мигрантите – сообраќајот да не ги вознемирува“.

Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Kомандантот на украинските вооружени сили - Сирски: Украина нема да прифати никаква „размaна на мир за територија“

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk