ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025 17:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството и остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица. Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство.

Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Судењето продолжува на 23 декември со воведен збор на одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.

Судечкиот совет, како што информираше судијката Диана Груевска Илиевска, на денешното рочиште не го прифати предлогот на обвинетиот Емил Митев поднесен преку неговиот бранител за укинување на куќниот притвор и определување на друг вид превентивни мерки.

– Судот смета дека во оваа фаза на постапката сè уште опстојуваат причините за определувањето на куќниот притвор, а особено од причини што истиот е поднесен без одредена пропратна документација или други докази, за да може да се донесе поинаква одлука – изјави Груевска Илиевска.

Груевска Илиевска, укажа на дел од одбраната, дека сите овие предлози е многу поефектно доколку ги поднесуваат до Кривичниот совет, каде што се бара мислење и од Јавниот обвинител и може комплетно да го документираат со сите докази, и посочи дека дел тоа веќе го прават, информирајќи дека во тек е разгледувањето на барањето за укинување на притвор за обвинетиот Папазов, како и дека на обвинетиот Џевари Камбери му е преиначена мерката притвор со гаранција со решение на Апелациониот суд.

Одбраната на обвинетите вработени во Министерството за економија тврди дека тие вршеле само службена проверка на документацијата за лиценци, без можност да предизвикаат или да придонесат кон пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. Во своите воведни говори пред Судот тие денес укажаа дека „ниту им било обврска, ниту надлежност по закон да вршат проверка на било какви услови“ и дека немале ниту можност да вршат проверка дали кој било документ доставен до нив по закон е точен или неточен. Нивната работа, како што тврдат, е од управна постапка, без право на увид во објектот – административна, а не инспекциска и „работат со документација која доаѓа заверена и потпишана со одговорност од други институции“.

Со серија забелешки за работата на Обвинителството, одбраната на пазарните инспектори, на денешното рочиштето за случајот со пожарот во Кочани, остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица.

Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство, кое по допрен глас е тоа што треба да ја има првичната реакција доколку имало некаква незаконитост во објектот.

Одбраната на Размена Чекиќ Дуровиќ државен секретар во Министерство за економија, адвокатот Гоце Ристевски, во воведен збор рече дека, обвинителниот акт е комплексен и изобилува со контрадикторности и невозможни дејствија на извршување од обвинетите.

– Оваа обвинета се товари како сторител на кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ од Член 292, став 4, во врска со Член 288, став 4, во врска со став 3, во врска со став 2, во врска со Член 22 од КЗ. За ова кривично дело е предвидена казна затвор до пет години, што значи дека според правилата на процесната постапка овластениот тужител за оваа обвинета требал да поднесе обвинителен предлог, за кој важат процесните правила за скратена постапка – изјави Ристевски.

Ваквата правна квалификација и опис на дејствија за Размена Чекиќ Дуровиќ, нагласи Ристевски, не може да биде дел од оваа постапка.

Воведен збор останува да даде и одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.

Претходно, покрај обвинителството, воведен збор даде и одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението. Воведен збор дадоа и поранешните директори на ДЗС, министри за економија, како и градежни инспектори.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Next Post

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Црни вдовици“ – скандали со фиктивни бракови во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија? Дилемите растат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија плаќа, Скопје прифаќа – Мигрантите доаѓаат, а државата губи контрола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk