ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Скандал со злоупотреба на деца во Унгарија, десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта

December 14, 2025 14:10
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Десетици илјади луѓе синоќа излегоа на улиците на Будимпешта како одговор на новите информации за долгогодишниот скандал за злоупотреба на деца во државните институции, јави ДПА.Антивладиниот протест беше организиран од Партијата Тиса на унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар.

Опозиционерот вчера објави владин извештај за повеќе од 3.000 случаи на злоупотреба во државните домови за згрижување, кој бил завршен во 2021 година, но чуван во тајност. Министерството за внатрешни работи го потврди извештајот.

Скандалот стана актуелна политичка тема откако претседателката Каталин Новак поднесе оставка во февруари 2024 година, поради јавен притисок. Нејзината оставка беше предизвикана од помилувањето на заменик-директорот на едно сиропиталиште, кој беше осуден како соучесник во сексуална злоупотреба на деца.

Скандалот, кој беше проследен со масовни протести, го поттикна Маѓар да започне широка опозициска кампања предводена од обновената Партија Тиса (акроним за Партија на Почит и Слобода).

Партијата Тиса сега води во анкетите пред партијата Фидес на десничарскиот премиер Виктор Орбан, а изборите се закажани за април следната година. Орбан е на власт од 2010 година, посочува ДПА.

Нов скандал избувна летото во врска со можно криминално однесување во малолетнички затвор во Будимпешта. Три лица од персоналот, вклучувајќи поранешен директор, беа уапсени под сомнение за водење проституциски синџир. Дополнително, неодамна беа објавени слики на кои се гледа како директорот на таа институција клоца млад човек во глава. Како резултат на тоа, на почетокот на седмицата беа уапсени четворица вработени, а Владата ги стави сите слични институции под полициски надзор.

Tags: протест Будимпешта
Next Post
Фото: Скриншот, видео ФБ

(ВИДЕО) Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk