ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

20 декември – денот на вистината за ДУИ, реформа или политички залез

December 16, 2025 09:03
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конгресот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), закажан за 20 декември, се наметнува како еден од најзначајните политички настани во поновата историја на партијата. По сериозниот удар што ДУИ го претрпе на последните локални избори, овој конгрес не е обичен статутарен собир, туку вистински тест за политичката зрелост, реформскиот капацитет и идната релевантност на партијата во македонскиот и албанскиот политички кампус.

Конгрес под притисок на реалноста

По повеќе од две децении доминантна улога во албанскиот политички блок и долгорочно учество во власта, ДУИ се соочува со акумулиран замор кај електоратот, со перцепција на затворена и инертна структура и со критики за недоволна внатрешна демократија. Локалните избори беа јасен сигнал дека традиционалната мобилизација веќе не е доволна и дека довербата не може да се одржува без суштински промени.

Токму затоа, 20 декември се перципира како датум на избор меѓу две патеки, длабинска реформа што може да овозможи политичко закрепнување, или продолжување на трендот на ерозија што би ја довел во прашање долгорочната позиција на ДУИ како водечка албанска партија.

Oд реторика кон структура

Како што укажува експертот за политичка комуникација Газменд Ајдини, реформата „не смее да остане реторика или слоган, туку мора да биде цел сама по себе – политичка нужност“. Според него, по долг период на власт и внатрешни компромиси, партијата мора повторно да го воспостави односот со политичката реалност и очекувањата на албанскиот електорат. Реформата, нагласува Ајдини, започнува одвнатре: од начинот на донесување одлуки, одговорноста на функционерите и реалното учество на членството во креирањето на политиките.

Клучниот елемент на реформата ќе биде и листатата на функционери кои се очекува да се повлечат од раководството на ДУИ. Според извори блиски до раководството, меѓу нив се: Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, Теута Арифи, Рамиз Мерко, Садула Дураку и Реси Абдурахмани. Левовите одлуки ќе овозможат пристап на нови кадри, професионални, без политички товар, кои ќе можат да ја обноват довербата на електоратот.

Клучната порака што доминира во пресрет на Конгресот е дека реформата повеќе не може да биде декларативна. Таа мора да започне од внатрешната архитектура на партијата: од начинот на донесување одлуки, распределбата на моќта, одговорноста на функционерите и механизмите на контрола.

Суштинската реформа подразбира јасни статутарни правила за мандатите, ограничување на концентрацијата на моќ, зајакнување на колективните органи и воспоставување реална внатрешна лојалност кон принципи, а не кон поединци. Без ваков зафат, секоја кадровска промена би се свела на козметички ротирања, а не на вистинска трансформација.

Кадровски резови и симболиката на промената

Во јавноста доминира очекувањето дека Конгресот ќе донесе значајни кадровски промени, особено во најтесното раководство. Отстранувањето на долгодишни и во јавноста компромитирани фигури се гледа како прв сериозен сигнал дека партијата е подготвена да се соочи со сопствените слабости.

Но, суштината не е само во тоа кој ќе замине, туку кој и како ќе дојде. Новите кадри ќе мора да носат професионален кредибилитет, интегритет и јасна ориентација кон резултати. Во таа насока, сè погласни се барањата за воведување транспарентни критериуми за кандидатури, внатрепартиски конкуренција, па дури и форми на внатрешни избори и проверка на интегритетот (ветинг) на функционерите.

Одговорноста на лидерството

Иако е јасно дека Али Ахмети ќе продолжи да ја предводи партијата, историската одговорност на лидерството е токму во управувањето со транзицијата. Реформата бара политичка храброст – не за одлагање, туку за водење на промените. Стандардите на етика, дисциплина и отчетност мора да станат неделив дел од новиот партиски наратив, особено во период кога ДУИ дејствува од опозициска позиција.

Вистинската сила на лидерството ќе се мери според способноста да се воспостави баланс меѓу континуитетот и обновата: зачувување на политичкото наследство, но и јасно дистанцирање од практиките што го нарушија угледот на партијата.

Пораката до електоратот

Албанскиот електорат очекува видливи, мерливи и веродостојни промени. Не само во персоналниот состав, туку и во политиките, приоритетите и стандардите. Конгресот мора да испрати јасна порака дека ДУИ ја прифаќа одговорноста за направените грешки и дека отвора ново поглавје со јасен план, рокови и механизми на отчетност.

Во спротивно, ризикот е Конгресот да се сведе на формален ритуал, без вистинско влијание врз политичката динамика.

Патот на ДУИ до Конгресот на 20 декември

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е основана во 2002 година како политичка формација произлезена од поранешните структури на Ослободителната национална армија (ОНА), по вооружениот конфликт во 2001 година. Нејзиното формирање претставуваше обид конфликтот да се трансформира во институционален и политички процес, со јасна цел – имплементација на Охридскиот рамковен договор и трајна интеграција на Албанците во државните институции.

Од самиот почеток, на чело на ДУИ застана Али Ахмети, кој ја дефинираше партијата како фактор на мир, стабилност и политички дијалог. Веќе на парламентарните избори во 2002 година, ДУИ се етаблира како најсилна албанска партија, позиција што ја задржа и во повеќето изборни циклуси што следеа.

Во изминатите две децении, ДУИ речиси континуирано беше дел од владејачките коалиции, учествувајќи во клучните државни процеси: децентрализацијата, проширувањето на јазичните и институционалните права, реформите во јавната администрација и евроатлантските интеграции, вклучително и членството на државата во НАТО.

Но, долгиот престој на власт постепено создаде и негативни перцепции во јавноста – за затвореност на партиската структура, клиентелизам и слабости во внатрепартиската демократија. Овие перцепции кулминираа со изборните порази на локално ниво, што го отворија прашањето за нужноста од длабока внатрешна реформа. Конгресот на 20 декември доаѓа како еден од најзначајните по ред во историјата на ДУИ.

Дестан Јонузи

Tags: Али АхметиДУИКонгрес
Next Post

Дијаспората испратила 310 милиони евра: Пад на дотациите од странство кон Македонија во изминатите три години

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk