ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Изборниот законик меѓу застојот во 2025 и ветувањата за 2026: Изгубена година за демократските реформи

December 16, 2025 13:19
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека со координаторите на пратеничките групи е постигнат договор да се формира работна група за подготовка на измени и дополнувања на Изборниот законик, процес кој е планиран да се интензивира во текот на 2026 година.

На брифинг со новинарите, Гаши информираше дека побарал секоја пратеничка група во рок од една недела да достави предлози за по двајца свои претставници кои ќе учествуваат во работната група.

„Јас ќе ја водам работната група, се надевам. Ќе видиме како ќе постапиме со пратениците кои влегуваат и излегуваат како независни, но сигурно ќе ги повикаме и тие да учествуваат. Инсистирањето беше таа да се формира и веднаш да почнеме со работа“, изјави Гаши.

Тој додаде дека постои намера составот на работната група да биде проширен и со претставници од други релевантни институции, како и со експерти и чинители кои се директно засегнати од изборниот процес.

„Ќе гледаме да ги повикаме сите кои се засегнати со изборите“, нагласи спикерот, посочувајќи дека целта е процесот да биде инклузивен и транспарентен.

Но, зошто 2025 не беше погодна за Изборниот законик и зошто процесот не беше ниту инклузивен ниту транспарентен?

Изборниот законик во 2025: измени, застои и спорни решенија

Измените на Изборниот законик во 2025 година се одвиваа со многу најави, но со малку конечни решенија. Иако беше најавено формирање на работна група и вклучување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, процесот заврши со застој во Собранието и сериозни контроверзии околу клучни прашања пред локалните избори.

Најголемиот спор се отвори околу учеството на независните кандидати. По укинување на одредби од страна на Уставниот суд, законот остана без јасна регулација за бројот на потребни потписи. Обидите ова да се надмине со законски измени не добија поддршка во Парламентот, поради што измените не беа усвоени.

Во вакви услови, Државната изборна комисија донесе правилници и упатства со кои практично се овозможи учество на независни кандидати со минимални услови. Овој пристап предизвика критики дека административни тела преземаат улога на законодавец и дека се нарушува правната сигурност.

Дополнителен проблем беа политичките блокади во Собранието, вклучително и потребата од двојно мнозинство за дел од измените, што ја продлабочи неизвесноста околу изборната рамка.

Како резултат, локалните избори во 2025 година се одржуваа во услови на нормативна нејасност и нееднакви правила за различни учесници. ЦИВИЛ во повеќе наврати предупреди дека без јасен и стабилен Изборен законик, довербата во изборниот процес останува сериозно нарушена.

Изборните реформи и Изборниот законик беа една од клучните теми на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“, дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ што се одржа во октомври.

ЦИВИЛ: Локалните избори 2025 поминаа мирно, но со сериозни системски слабости

ЦИВИЛ на прес конференција го презентираше  Извештајот за Локалните избори 2025: Клучни наоди и стратешки препораки. Според Извештајот локалните избори во 2025 година во Северна Македонија поминаа без поголеми инциденти, но беа обележани со сериозни и повторливи системски слабости кои ја поткопуваат довербата во демократскиот процес. А во најголем дел тие се и последица на недоследностите на Изборниот законик или негово не почитување и спроведување.

Според наодите на ЦИВИЛ, изборните денови (прв и втор круг) формално беа мирни, но клучните проблеми што со години го следат изборниот систем повторно биле присутни. Посебно се издвојува недоверливиот Избирачки список, со случаи на починати лица кои и понатаму се водат како гласачи, како и граѓани со право на глас кои недостасуваат во евиденцијата.

ЦИВИЛ регистрираше и бројни технички и процедурални пропусти на гласачките места, вклучително проблеми со биометриската идентификација, нарушување на тајноста на гласањето и неуедначено, често непрофесионално постапување на избирачките одбори. Забележани се и случаи на попречување и заплашување на набљудувачи и медиумски екипи.

Во извештајот се нотира и широко распространето прекршување на изборниот молк, континуиран политички притисок и клиентелизам, како и селективна реакција на институциите. Овие појави создаваат перцепција на неказнивост за политичките актери и ја поткопуваат суштината на изборите како демократски процес.

Посебна загриженост предизвикува нееднаквиот пристап до гласањето. Голем број гласачки места беа непристапни за лицата со попреченост и за повозрасните граѓани, а соодветната опрема често недостасуваше. ЦИВИЛ оцени дека станува збор за системска дискриминација, а не за изолиран технички проблем.

Извештајот, исто така, укажува и на доминација на националистичка и идентитетска реторика во кампањите, со што локалните прашања и отчетноста биле турнати во втор план.

ЦИВИЛ предупреди дека без итни и сеопфатни реформи, ризикот од понатамошна демократска ерозија останува сериозен.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Tags: изборен законик
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ: Сè е поклопено - Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

March 29, 2026

(ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

March 29, 2026

Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

March 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ алармира за „хаос, деградации и партизација“ во Центарот за култура и Театар Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија 2026: 5 големи промени за кои никој не зборува, а можат да ви го уништат патувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk