ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Кујните на ВМРО-ДПМНЕ функционираат исто како во времето на Груевски

December 18, 2025 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска соопшти дека, како што наведуваат, медиумските и пропагандни „кујни“ на ВМРО-ДПМНЕ повторно пласираат лажни вести, манипулации и координирани напади врз опозицијата и претседателот на партијата, Венко Филипче, по ист модел користен во времето на поранешниот премиер Никола Груевски.

„СДСМ веќе го покажа системот по којшто кујните на ДПМНЕ пласираат лажни вести, манипулации и напади врз опозицијата и претседателот Филипче“, се наведува во соопштението.

Од партијата обвинуваат дека ваквите напади се активираат секогаш кога власта се соочува со скандали и сериозни обвинувања.

„Секогаш кога власта е фатена во криминални тендери, во скандали и во договори со мигранти, посегнува по дефокусирање на вниманието на јавноста со пласирање текстови со напади врз опозицијата“, соопштува СДСМ.

Како доказ за континуитетот во начинот на дејствување, од СДСМ наведуваат дека се користат дури и идентични или речиси идентични наслови.

„Денеска објавуваме уште еден доказ дека кујните на ДПМНЕ функционираат исто како во времето на Никола Груевски. Дури и истите наслови за напади на СДСМ и новото раководство ги користат“, стои во соопштението.

Како примери, СДСМ посочува наслов од 2014 година – „Заев го објави тимот, истите луѓе повторно на клучни позиции“, и наслов од 2025 година – „Новото раководство на СДСМ: Нова сила, а всушност стари лица“.


„Сè е по сценариото на Никола Груевски и на Вучиќ, copy-paste“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека ваквите, како што ги нарекуваат, лажни вести и манипулации имаат цел да го одвлечат вниманието на јавноста од суштинските прашања.

„Лажни вести, манипулации и одвлекување на вниманието на граѓаните од главните теми – од криминалот и корупцијата, од договорот мигранти за пари, од противуставната Резолуција, од катастрофалната економска политика и намерната изолација на земјата надвор од ЕУ“, се вели во соопштението.

На крајот, од СДСМ порачуваат дека ваквите практики се, како што велат, целосно разоткриени.

„Разоткриени се. Знаеме сè. Ова нема да им помине“, соопштува СДСМ.

Next Post
Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Мицкоски: Апелациониот суд утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk