ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Света земја не се гази

December 20, 2025 14:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Еден човек!

Името го врти!

Го исчисти од сите додатоци на исхраната!

И не дава наново да се валка!

Тој не е Заев!

Не попушта!

Цврст е како карпа!

Името е за него света работа!

Светиња!

Грачаница и Високи Дечани!

Македонија!

Го повикувам православниот папа да ја скокне беатификацијата и директно да го прогласи за светец.

Не може Македонија да го слави Свети Никола, а Свети Христијан да виси на крстот во натчовечки напори да ја спаси Македонија.

Папата ми вика: Добро, чедо, а има ли тој твој кандидат некое чудо направено. Треба да има најмалку три чуда во работната книшка.

Има, како нема, дедо папа (К-15), мало ли чудо е да ја исшутираш Европската унија и сите 27 членки, просто не ги ебе нит под разно, па тоа, ќе се согласите, ниту Трамп не го може, второ, покрена општонародна хистерија во која секој Македонец, на полноќ да го разбудиш, ќе ти каже дека Бугаринот е генетски фашист, окупатор и татарин. Еве сега и Грците почна да ги заебава за името, света работа, само Македонија, блаблабла. Вечна, се разбира. Сега нашата слатка државичка има добри односи  само со Вануату и, донекаде, со Тонга, драг мој дедо папа.

Добро, добро, сине, ми рече папата, навистина имаш квалитетен кандидат, нема да чекаме да умре, светец ќе го прогласиме веднаш.

Лепота, папа, ќе го земам да ми биде куќна слава, а сега, ако дозволите, одиме на една друга тема:

Словенската двојка во срцето на Европа, демек Словачка и Чешка, заедно со државата на Атила Орбан, се одметнаа од Европската унија и решија да бидат домашни миленичиња на Путин, претпладне и на Трамп, попладне.

Да ја заебаваат последната формација на демократијата, нормалноста и пристојноста, на културата.

Меѓу два ѕвера.

Формално не се излезени од Унијата затоа што нивната задача е да бидат внатре и да ја деструираат најволшебната политичка формација во историјата на човештвото.

А Унијата не ги брка бидејќи се плаши дека тоа ќе ја смени геополитичката рамнотежа на континентот.

Заебана ситуација.

Кога Чесите и Словаците, како единствена држава и нација, го уриваа комунизмот во таканаречената кадифена револуција, јас бев во Прага. Дваесетина денови. Кај Јордан Мијалков и Климе Рибаровски во Макотекс. Како први контакти, со бесплатни телефони, телепринтери и весници за гостинот од Скопје.

Сакам да кажам, во многу драматични околности можев да се уверам каква пустош и валканици оставила руската чизма врз луѓето, врз улиците и патиштата, врз воздухот (Скопје од сабајлево е со страшно високи концентрации на кислород во однос на индустрискиот појас кон германската граница  на Чешка во тоа време) врз општата атмосфера, но, ќе повторам, пред се врз луѓето. Режимот се плашеше дека странците со својата куповна моќ ќе ја остават земјата без неопходните производи и беа завеле сериозна контрола при излез од земјата. Само десетина години порано тенковите на Русија и Варшавскиот пакт го соборија Дубчек и првите обиди за демократизација.

За Унгарија се сеќавам по колоните бегалци од Источна Германија кои одеа кон Австрија пред падот на Берлинскиот ѕид. Но и тие не бе многу далеку од руската интервенција.

По приемот во Европската заедница потоа унија, а и пред тоа, преку разни форми на помош, овие три држави и народи, изгубени во времето и просторот, прво пркнаа, луѓето непосредно, преку пораст на стандардот ја почувствуваа предноста на демократијата, плурализмот, пазарот и приватната сопственост и свртувањето кон Запад, а потоа фатија чекор со другите европски држави.

И сега, тие ропски души, ја заебаваат Унијата и Украина, Европа била чиста декаденција, а Орбан авангарда, да ти пукнат сите жили, последниот пат со одбивањето да се вклучат во програмата за финансиска поддршка на Украина, невидена срамота, но пред тоа со низа други материјални и пропагандни испади на линија на руските интереси.

Помошта за Украина била опасна работа!!!

Чудо!

Всушност, Урсула и целата Унија имаат јасни траги од уривачката дејност пред сè на Орбан, но и на Фицо, а еве сега и на Бабиш.

Значи отклон од своите ослободители и упристојувачи, од формацијата во која за десетина- дваесет години го избришаа грозното руско наследство и станаа развиени држави. Сега се свртуваат кон силата која ги силуваше 35 години.

Јас знам дека времињата се менуваат, па според тоа и интересите и ориентациите, но вакво ниво на непочит кон европската ренесанса, можеби може да се спореди само со црнилата со кои вмро ја опсипа југословенската конституција на Македонија.

Единствен услов за прием во Европската унија мора да биде писмената обврска на новите членки дека нема да ја заебаваат заедницата.

Зошто унијата би ја примила  Македонија или Србија, кога тоа се земји во кои успева производството на особено деструктивни лидери.

Конечно и последната тема за денеска.

Во последно време забележувам дека стапалата на нозете ми се издолжуваат.

Прво, помислив дека тоа е последица на тоа што ноктите не ги бев исекол три години. И навистина, беа израснале како лијаните на Тарзан во прашумата. Ги исеков со моторна пила “Хускварна”. Но, палците повторно ми удираа во врвовите на патиките. Многу непријатна работа. Да не е тоа резултат на феноменалната политика на Свети Христијан и неговата апостолска дружина? Така си реков. Да не ми одзема од височината и да ми ја зголемува широчината, допирот со светата македонска земја. Тоа ми делуваше како разумно објаснување, но се падна во вода кога дерматолог ми откри опасни рани на долниот дел од стопалата. Ми рече дека се ми е од Македонија. Од земјата. Света земја не се гази, Тричко!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post
Ивана Васева. Фото: Кристијан Караџовски

Кураторката Ивана Васева за Трн: Три изложби - три светови

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk