ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руте со стратегија во три чекори за спречување нов руски напад

December 22, 2025 10:24
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Главната цел на безбедносните гаранции за Украина е да се осигура дека таа земја никогаш повеќе нема да стане жртва на напад, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Мораме да обезбедиме Украина никогаш да не биде повторно нападната по постигнувањето примирје или мировен договор. Путин мора да сфати дека уште еден напад би бил погубен за него, нагласи Руте за германски „Билд“.

Тој додаде дека постојат три нивоа на безбедносни гаранции за да се постигне таа цел. Првото ниво се, како што наведе, украинските вооружени сили, кои мора да бидат во одлична состојба и способни да ја заштитат земјата дури и по војната или долгорочното примирје. Руте укажа дека второто ниво на гаранции е Коалицијата на подготвените, предводена од Франција и Велика Британија, со учество на Германија и други земји. Тој истакна дека некои европски земји изразиле подготвеност да испратат војници, иако не наведе детали. Според Руте, третото ниво на гаранции го претставуваат Соединетите Американски Држави, чиј претседател Доналд Трамп во август изрази подготвеност за тоа.

Шефот на НАТО нагласи дека партнерите сега работат на тоа да ги комбинираат овие три елементи за рускиот претседател многу јасно да сфати дека никогаш повеќе не би требало да ја нападне Украина.

Руте укажа дека е уверен оти Трамп е апсолутно посветен и фокусиран на ставање крај на војната.

– Тој беше единствениот способен да го донесе Путин на преговарачка маса и единствениот кој на крајот може да го принуди да склучи мир. Јас поради тоа многу го почитувам, истакна генералниот секретар на Алијансата.

Руте додаде дека не верува оти Американците во целост ќе престанат да ѝ помагаат на Украина, ниту пак дека САД би можеле да се повлечат од НАТО. Како што наведе, тој е апсолутно уверен дека Европјаните ќе можат да се потпрат на Трамп во кризна ситуација.

Одговарајќи на прашањето зошто е толку тешко да се постигне мир во Украина, Руте наведе дека, според него, причината за тоа е рускиот претседател Путин, кој, како што рече, е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“. Според Руте, Путин оваа година остварил многу мал напредок и минимални територијални придобивки.

Функционерот на НАТО истакна дека постојат два главни предизвици, а тоа се итната потреба земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана и производство на оружје, како и да обезбедат Украина да остане што е можно посилна во текот на својата борба.

– Ако Русија оствари контрола над цела Украина, тоа ќе има огромни последици по НАТО, а ние ќе мораме да издвојуваме многу повеќе отколку што се договоривме во Хаг. Доколку се држиме до тие цели, тогаш ќе останеме во предност пред Русија и ќе бидеме многу посилни, заклучи Руте.

Tags: РутеУкраина
Next Post
Фото: Рустем Умеров/Фејсбук

САД и Украина ги оценија разговорите во Мајами како „продуктивни и конструктивни“

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk