Бенкси потврди дека стои зад новиот мурал што се појави во Бејсвотер, во западен Лондон. Делото прикажува две деца кои лежат на земја облечени во зимска облека, при што едното покажува нагоре кон небото. Муралот е насликан над гаражи на улицата Queen’s Mews и првпат беше забележан во понеделник.
View this post on Instagram
Уметникот го објави делото преку фотографија на својот Инстаграм профил. Би-Би-Си дознава дека Бенкси е одговорен и за идентичен мурал кој се појави пред зградата Centre Point во центарот на Лондон, иако официјално е потврден само муралот во Бејсвотер.
Уметникот Даниел Лојд-Морган изјави дека локацијата кај Centre Point упатува на порака за детското бездомништво, посочувајќи дека многу минувачи го игнорираат делото. И љубителот на делата на Бенкси, Џејсон Томкинс, се согласи дека станува збор за јасна порака за бездомништвото.
Редакција Фронтлајн





