ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски: Ни треба знаењето на секој Македонец кој научил нешто надвор и сака да го вложи дома

December 24, 2025 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук Мицкоски

Фото: Фејсбук Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но и оние кои заминале надвор. Ни треба секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот – порача премиерот Христијан Мицкоски на форумот на повратници во државата што се одржува во Владата.

Зборувам, рече тој, пред луѓе кои носат посебна тежина во општеството, кои ја знаат татковината и од внатре и од надвор, луѓе кои заминале, не затоа што сакале да ја напуштат татковината, туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива и, како што нагласи, најважно, луѓе кои се вратиле и тука почнале нова успешна приказна.

– Вашето враќање не е симболично туку суштинско, тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени, дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината. Сакам јасно и искрено да кажам – ние не може да им се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, борба и тешки одлуки. Знаеме дека многумина заминаа бидејќи немаа избор. Но, колку и да оди човек далеку, срцето секогаш влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ – каменот тежи на своето место – рече Мицкоски.

Смета дека колку и да се Македонците успешни низ светот и каде и да се, секогаш ќе бидат дојденци.

– Само дома си свој, само дома твоето име, твојот труд и твојата приказна имаат длабоки корени и трајна вредност. Вие што денеска сте тука сте жив доказ за тоа. Покажавте дека знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла, туку стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, идеи и нова енегрија во нашата економија. Земјата днес не е земја што стои во место. Македонија се менува и развива. Економијата расте, се инвестира во индустријата, енергетиката, во инфраструктурата. Се градат патишта, фабрики, капацитети кои носат додадена вредност. Се отвара простор за претприемништво, за иновации за млади, за оние што сакаат да вложат и да создаваат дом – истакна македонскиот премиер.

Како Влада, додаде, обврска им е да создадат услови, да обезбедат стабилност, правна сигурност, поддршка за инвестиции и јасна насока за развој.

– Но, ниту една стратегија, ниту еден план не може да успее без луѓе. Држава не се гради само со институции туку со умови, со знаење, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа гласно порачуваме дека ни треба секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите ви се широко отворени – рече тој.

Додаде дека не ветуваат лесен пат, туку смисла и можност да се биде дел од нешто поголемо.

– Нудиме шанса трудот да не биде само личен успех, туку придонес за заедницата и идните генерации. Домот не е совршен, тој се гради, поправа и унапредува. А нашата заедничка Македонија е токму тоа, дом што се гради и во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте доказ дека може, вие сте пример дека враќањето е сила и вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите дека каменот кога ќе се врати на своето место тежи најмногу – потенцира премиерот Мицкоски.

Форумот продолжува со обраќања на Македонци кои се вратиле во земјава, но и претставници од повеќе институции.

Next Post

УХМР најавува врнежи за утре, а од викендот температури под нулата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk