ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта

December 24, 2025 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите, истакна вицепремиерот Александар Николоски на Јавниот состанок на Агенцијата за пошти.

Како што потенцира, целта е да се заштити државниот капитал, да се издигне Пошта на поквалитетно ниво и да се избегне праксата на претходните Влади кои сакале да го продаваат државниот капитал.

„Ние би сакале Македонска пошта да расте и би сaкале да нaпредува и овие директиви во услови кога не сме членки на ЕУ ни создаваат главоболки во делот на државната пошта затоа што да бидеме фер и да бидеме отворени, многу е лесно да се земе дел од пазарот кој одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност и на пример да носи писма во услови кога никој друг тоа не го прави. Или сите подденакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки затоа што мојата намера е да се крене Пошта, а не вака да пропаѓа како што пропаѓа И во таа насока повторно доаѓаме до ЕУ, а тое е барањето во Планот за раст да се подобри ефикасноста на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторите за профитабилност за 15 %, што во услови кои ги кажав претходно не можеме да ги оствариме. Да најавам дека ќе има законски измени кои што ќе одат во насока да се променат работите”- се обрати вицепремиерот Николоски.

Тој најави нови инвестиции во државната пошта.

„Во следниот месец дена Пошта ќе добие како донација од Владата 100 возила, од кои 90 се помали комби возила и 10 поголеми возила, а исто така работиме на една програма за помош во делот на софтвер, сортирки за работа и просторни услови како би ги довеле до ситуација да даваат најдобри услуги на пазарот. Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога и мислам дека треба да соработуваме” – рече Николоски.

Тој истакна дека е-трговијата ќе зема се поголем замав како тренд за кој приватните пошти треба да се борат на пазарот.

Во моментот на домашниот пазар работат 29 правни лица, од кои 28 приватни пошти и АД Пошта на Македонија, како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга.

Tags: ВладаВозилаНиколоскиПошта
Next Post

Оперетата „Лилјакот“ на 26 декември повторно на сцената на МОБ

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk