ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за култура на СДСМ за обраќањето на Љутков: Многу зборови, речиси никакви резултати

December 25, 2025 16:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на СДСМ реагираше на јавното обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оценувајќи дека, „кога нема резултати што можат да се покажат на терен, тогаш е најлесно да се снима видео“, и дека наместо дела, јавноста добива „ПР“ и „перформанс со министерот во главна улога“.

Во реакцијата се наведува дека „по една и пол година на функција“ во културата „нема резултати, нема капитални проекти, нема стратегија“, а ветувањата, според Комисијата, „не мрднале од хартија“. Од СДСМ тврдат дека обраќањето на Љутков е „убаво спакувана реторика без реална подлога во фактите“ и дека наводите за „системска работа на развојот на културата“ не се поткрепени со „ниту еден конкретен, мерлив и видлив резултат“.

Комисијата посочува дека, според нив, не постои нова национална стратегија за култура, нема јасен акциски план, ниту транспарентни податоци за инвестиции и нивна реализација, додавајќи дека културните институции, како што наведуваат, и натаму се соочуваат со финансиски и кадровски проблеми. Во делот за инфраструктура, од СДСМ наведуваат дека изјавите за „обновени клучни сценски простори и инфраструктура“ остануваат на ниво на декларации, бидејќи, според нив, не се објавени податоци за обемот на реконструкциите, буџетите, роковите и кои објекти се ставени во целосна функција.

Во реакцијата се оспорува и тврдењето за „над 600.000 граѓани“ присутни на културни настани, со оценка дека јавноста нема увид дали се работи за уникатни посетители, повторени броења или статистика „креирана за политичка употреба“. Комисијата додава дека поддршката за младите уметници, која министерот ја спомнува, според нив во практика е „недоволна, несистемска и често сведена на ад-хок мерки“, а како проблем се посочуваат и изјавите за „јакнење на статусот и употребата на македонскиот јазик“, за кои Комисијата тврди дека не се проследени со нов закон, стратегија или акциски план.

Комисијата наведува и дека најавената дигитализација на културата, според нив, останува „на ниво на фраза“, со образложение дека не постои национална платформа, јасна методологија, ниту јавен извештај што е дигитализирано, со кои средства и со каква намена.

„Културата навистина е моќ – но само кога зад зборовите стојат дела. Во моментов, од оваа Влада гледаме многу зборови и речиси никакви резултати“, се наведува во реакцијата, при што Комисијата додава дека кога „министерот секојдневно ја менува реалноста со снимање видеа наместо со работа на терен“, тогаш, според нив, „е време да си замине“.

Next Post

(ВИДЕО) По половина век, Pink Floyd го објавија првиот официјален видео-спот за „Wish You Were Here“

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk