ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

(ВИДЕО) По половина век, Pink Floyd го објавија првиот официјален видео-спот за „Wish You Were Here“

December 25, 2025 19:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Педесет години по објавувањето на албумот Wish You Were Here, легендарниот британски бенд Pink Floyd конечно го претстави првиот официјален видео-спот за истоимената песна. Спотот пристигна една недела откако јубилејното реиздание Wish You Were Here 50 се искачи на првото место на британската топ-листа.

Видеото започнува со кадри од Месечината, по што визуелниот наратив се распаѓа во серија симболични и хаотични сцени – сперматозоиди во трка кон јајце-клетка, око исполнето со пламен, светлосни траги што се пробиваат низ темнината. Анимираните сегменти се испреплетуваат со архивски снимки од бендот во студио, како и кадри на членовите додека трчаат низ подземната железница.

Јубилејното реиздание беше објавено на 12 декември во повеќе формати. Дигиталниот пакет го вклучува оригиналниот албум од 1975 година во нов Dolby Atmos микс, изработен од Џејмс Гатри, долгогодишен соработник на Pink Floyd уште од The Wall (1979). Покрај тоа, пакетот содржи 25 бонус-нумери – девет студиски раритети и 16 концертни снимки од настапот во Los Angeles Sports Arena во април 1975 година.

Концертниот материјал потекнува од легендарната бутлег-касета на Мајк Милард, познат меѓу фановите како Mike The Mic. Милард, заедно со пријателот Џим Рајнштајн, влегол на концертите преправен и во инвалидска количка, со скриен магнетофон и микрофони вметнати во шапка. За време на петте концерти во арената, полицијата уапсила околу 350 лица, главно поради поседување марихуана, додека Милард успеал да сними еден од најквалитетните аудио-записи од целата турнеја Wish You Were Here, која опфатила 29 датуми. Материјалот за ова официјално издание го реставрираше и ремастерираше Стивен Вилсон.

Албумот Wish You Were Here првпат беше објавен на 12 септември 1975 година, како наследник на The Dark Side of the Moon, делото што го издигна Pink Floyd до планетарна слава. Албумот стана нивно најбрзо продавано издание и прво што истовремено го освои врвот на топ-листите во Велика Британија и САД. Во тој период, бендот чувствувал силен креативен притисок – Дејвид Гилмор подоцна изјави дека членовите се чувствувале креативно заробени по успехот на Dark Side.

Реизданието вклучува и алтернативни верзии на насловната песна – една со соло на педал-стил гитара во изведба на Гилмор и друга со виолински партии од џез-виртуозот Стефан Грапели.

Делукс бокс-сетот содржи два CD-а, четири LP-плочи на проѕирен винил, Blu-ray, книга, реплика на јапонски сингл и плакат од концертот во Кнебворт. На Blu-ray изданието се вклучени и три концертни филмски проекти од турнејата во 1975 година, како и краток филм на Сторм Торгерсон. Најобемниот пакет веќе се смета за колекционерска реткост, особено поради концертните снимки на Милард, кои со децении кружеле меѓу најпосветените обожаватели на бендот.

Next Post

Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk