По четиригодишна пауза, приказната за кланот Шелби продолжува со ново филмско поглавје. Нетфликс го објави официјалниот тизер за Peaky Blinders: The Immortal Man, долгометражен филм што ја оживува сагата за најозлогласената криминална банда од Бирмингем.
Филмот ќе биде прикажуван во одбрани кина од 6 март, а на Нетфликс ќе започне со стриминг на 20 март.
Cillian Murphy повторно ја толкува својата иконична улога како Томи Шелби, со што се враќа во универзумот на Peaky Blinders. Зборувајќи за проектот во јуни 2024 година, Murphy изјави: „Се чини дека Томи Шелби сè уште не беше завршен со мене… Многу ми значи повторната соработка со Steven Knight и Tom Harper на филмската верзија на ‘Peaky Blinders’. Ова е за фановите.“
Покрај Murphy, Sophie Rundle се враќа во улогата на сестрата на Томи, Ада Торн. Stephen Graham и Ned Dennehy исто така ги повторуваат своите улоги како сојузници на семејството Шелби — Hayden Stagg и Charlie Strong. Актерската екипа е проширена со нови имиња, меѓу кои Rebecca Ferguson, Barry Keoghan, Tim Roth и Jay Lycurgo.
Режисер на филмот е Tom Harper, кој режираше неколку епизоди од оригиналната серија. Peaky Blinders премиерно беше прикажана на Би-Би-Си во 2013 година, а подоцна Нетфликс ги откупи правата за прикажување во САД. Серијата заврши во 2022 година по шест сезони, а нејзин креатор е британскиот сценарист Steven Knight.
Серијата Пики Блајндерс ќе се врати на BBC и Netflix со две нови сезони напишани од креаторот Стивен Најт, фокусирани на новата генерација на семејството Шелби. Сместена во Бирмингем во 1953 година, приказната се одвива за време на повоената реконструкција на градот, каде што моќта, амбицијата и опасноста се судираат додека семејството Шелби остануваат во центарот на хаосот.
Двете нови сезони ќе се состојат од шест епизоди од по еден час, поддржани од Здружениот орган на Западен Мидлендс во рамките на новото партнерство со Би-Би-Си за зголемување на регионалната продукција.
Редакција Фронтлајн





