ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта – како се пумпаат 300.000 евра годишно

December 29, 2025 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска објави нови наводи за, како што тврдат, сериозна злоупотреба на јавни средства преку тендер за хигиена во АД Пошта на Северна Македонија, вреден 1,2 милиони евра.

На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, соопшти дека до АКТ пристигнало писмо од вработен во Пошта, кој како свиркач пријавува организирана шема за испумпување околу 300.000 евра годишно.

„Граѓаните сè поактивно се вклучуваат во борбата против корупцијата и криминалот. До Антикорупцискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави со сериозни индиции“, изјави Димитријевиќ.

Според него, СДСМ веќе го објавила скандалот со тендерот што го добила фирмата „БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, која, како што тврдат од партијата, е блиска до ЗНАМ, а новото писмо открива детали за начинот на кој, наводно, се извлекуваат пари.

Во писмото, свиркачот наведува:
„Пријавувам организирана кражба од 25.000 евра месечно, односно 300.000 евра годишно, преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ.“

Според документацијата од тендерот, во сите 14 поштенски подружници задолжително требало да има по двајца хигиеничари, додека во двете главни згради на Пошта – по десет. Реалната состојба, според наводите, е значително поинаква.

„Само во четири до пет подружници има по двајца хигиеничари и тоа со работа од неколку часа дневно. Во останатите подружници има само по еден, а во Пошта 2 наместо 10 – има шест до седум“, се наведува во писмото.

Свиркачот тврди дека постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари, додека за сите – и за оние што не работат и за оние што работат скратено – се исплаќа целосен надоместок.

„Месечниот трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“, стои во писмото, при што, според пресметките, недостигот од 14 хигиеничари значи околу 560.000 денари месечно, а дополнителни околу 550.000 денари се губат поради скратеното работно време на постојните вработени.

Со вклучени дополнителни давачки, вкупната сума, според наводите, достигнува речиси 25.000 евра месечно, односно околу 300.000 евра годишно.

Како што тврди свиркачот, ваквата состојба се прикривала со потпишување лажни дневници за целосно отсутни хигиеничари и со лажни извештаи за извршени генерални чистења.

„Вработените работат во нечистотија и во супстандардни услови, додека на хартија сè се води како целосно реализирано“, се наведува во писмото.

Од СДСМ соопштија дека целосната содржина на писмото ќе биде јавно објавена и побараа Јавното обвинителство да отвори истрага по допрен глас.

„Институциите мора да постапат. Прашањето е во чии џебови завршуваат овие пари и кој ќе сноси одговорност“, порача Димитријевиќ.

Од АКТ најавуваат дека ќе продолжат со објавување информации за, како што велат, криминални тендери, нагласувајќи дека „работата не е завршена“.

Next Post

Новогодишна радост во Ромското маало во Крива Паланка – пакетчиња и насмевки за најмладите

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk