Во духот на новогодишните празници и традицијата на дарување, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, неделното утро го помина со најмладите од Ромското маало и им донесе голема радост и многу искрени насмевки, информираат од Општина Крива Паланка.
„Заедно со Дедо Мраз, беа поделени новогодишни пакетчиња на најмладите, кои со искрена детска возбуда ја пречекаа празничната посета. Насмевките на дечињата, веселата атмосфера и празничниот дух беа најубавата потврда за значењето на ваквите хумани и топли гестови.
Општина Крива Паланка и оваа година ја негува традицијата на внимание и грижа за најмладите, со желба празничните денови да донесат радост, топлина и убави моменти во секој дом.
Нека сечиј дом за време на новогодишните празници биде исполнет со среќа, здравје и детски насмевки“, се наведува во соопштението на Општина Крива Паланка.







