Крис Џенер и овој Божик се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи, но овојпат не поради семејна драма, туку поради нејзиниот изненадувачки младешки изглед. Мајката на кланот Кардашијан-Џенер, која има 70 години, позираше со својот долгогодишен партнер Кори Гембл, 25 години помлад од неа, а реакциите не изостанаа.
По објавувањето на фотографијата од раскошната божикна забава на семејството Кардашијан-Џенер, интернетот беше преплавен со коментари. Дел од корисниците забележаа дека поради скапиот естетски зафат, Крис изгледа помладо од својот партнер. „Излегува дека Кори сега изгледа постаро од неа“, напиша еден корисник, додека други ја споредија и со нејзината 41-годишна ќерка Клои, тврдејќи дека и таа изгледа слично младешки. Имаше и шеговити коментари на сметка на сериозниот израз на лицето на Гембл, со пораки дека „би можел почесто да се насмевнува“.
View this post on Instagram
Оваа фотографија дојде само неколку дена откако Крис Џенер, според реакциите на јавноста, ги засени и ќерките Клои и Кајли Џенер на заеднички фотографии, на кои многумина коментираа дека изгледа како нивна сестра, а не како мајка.
Во една од поновите епизоди на серијата „The Kardashians“, Џенер отворено зборуваше за естетските интервенции. За време на разговор со ќерката Ким во Париз, таа призна дека нејзиниот нос е „веројатно единственото нешто на лицето што е природно“, по што Ким ја потсети дека и забите и се природни и дека никогаш немала фасети.
Уште во мај, нејзиниот претставник за Page Six потврди дека Крис Џенер го посетила познатиот пластичен хирург д-р Стивен М. Левин, во јавноста познат како „маестрото на фејслифтингот“. Во интервју за Vogue Arabia, Џенер ја објасни својата одлука за новиот зафат:
„Имав фејслифтинг пред околу 15 години и беше време за освежување. Сакав да бидам најдобрата верзија од себе и тоа ме прави среќна“, изјави таа.
View this post on Instagram
Говорејќи за својот однос кон стареењето, Џенер истакна дека секој има право на сопствен избор. „Само затоа што стареете, не значи дека треба да се откажете од себе. Ако сакате да стареете грациозно и да не правите ништо – тогаш не правете ништо. Но за мене, ова е мојата верзија на грациозно стареење“, рече таа.
Во октомври, Џенер повторно го спомена д-р Левин, откривајќи дека дури создале и „тајна лозинка“ за потенцијалните пациенти. Во подкастот Not Skinny But Not Fat, таа објасни дека хирургот не сакал медиумско внимание, па се договориле сите што ќе се повикуваат на неа да мораат да ја кажат лозинката за да добијат консултација.
Крис Џенер не крие дека има долга историја на естетски зафати. Првиот фејслифтинг го направила во 2011 година кај д-р Гарт Фишер. Во текот на годините имала и ботокс третмани, зголемување на градите уште во 1980-тите, намалување на ушните ресички во 2018 година, како и операција за замена на колк пред три години.
Редакција Фронтлајн










































































































