Поп-ѕвездата Бритни Спирс објави порака на социјалните мрежи која, според нејзиниот тон, делува како саркастична порака упатена кон нејзиното семејство. Објавата следува кратко откако нејзината сестра Џејми Лин Спирс сподели фотографии од божиќна семејна прослава, на која Бритни не присуствуваше.
Празници без целото семејство
Според пишувањата на TMZ, Бритни ги поминала празниците со својот помлад син, 19-годишниот Џејден Џејмс. Нејзиниот постар син, 20-годишниот Шон Престон, Божиќ го прославил со остатокот од семејството – со тетката Џејми Лин, нејзиниот сопруг Џејми Вотсон и бабата Лин Спирс.
Наводно, Шон Престон морал да остане во Луизијана поради работни обврски и токму таму се приклучил на семејното славење, појавувајќи се и на заедничката фотографија што ја објави Џејми Лин.
„Мојата прекрасна, невина фамилија“
Бритни се огласи во неделата, на 28 декември, со објава исполнета со иронија. „Среќен задоцнет Божиќ на мојата прекрасна фамилија, која никогаш не ме понижила, не ме повредила, никогаш не направила нешто целосно неприфатливо или не ми нанела неверојатна траума – онаа што не може да се поправи“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во продолжение, пејачката саркастично додава: „На мојата драга, слатка, невина фамилија… многу ми е жал што бев зафатена овој Божиќ, но сигурно ќе се појавам наскоро и ќе ве изненадам… едвај чекам… здраво, прекрасна Ајви… само сакам да те прегрнам, љубов моја… среќно, пријатели.“
Пораката повторно ги отвори шпекулациите за нарушените семејни односи на Бритни Спирс, кои со години се под лупа на јавноста, особено по завршувањето на нејзиното старателство и честите јавни несогласувања со дел од семејството.







