Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Републиканската партија мора да извојува победа на меѓуизборите за Конгресот во 2026 година, предупредувајќи дека во спротивно демократите ќе се обидат да го отповикаат од функцијата, јавува Ројтерс.
„Морате да победите на среднорочните избори, бидејќи ако не победиме, тие едноставно ќе најдат причина да ме сменат. Ќе бидам отповикан“, им порача Трамп на републиканските пратеници во Претставничкиот дом на состанок во Вашингтон.
Трамп ги повика републиканците да настапуваат поединствено по клучни прашања, меѓу кои родовите политики, реформите во здравствениот систем и изборното законодавство. Тој, исто така, укажа дека партијата мора да понуди појасни одговори на политиките поврзани со животните трошоци, кои, како што рече, предизвикуваат силно незадоволство кај јавноста.







